Со патувањата, парарелно се враќа и целиот живот во нормала, а тоа подразбира и културните настани и музичките забави ширум светот.
Како што е познато, неколку наши музичари периодов ја започнаа летната Австралијска турнеја каде што Македонците ги кренаа на нозе од забава.
Фолк-пејачката Сања Сани, Христијан Кико Божинов, Џафер и Димитар ќе имаат неколку настапи на повеќе места низ Австралија.
Имено, почнувајќи од 17ти јуни до 1ви јули ќе ја забавуваат македонската дијаспора во Квинбијан, Сиднеј, Кампбелфилд во неколку клубови и сали.
Згодната кумановка со годините стана една од најпознатите, најбараните, најпосакуваните фолк пејачки кај нас, но и една од најозборуваните, чија кариера и приватен живот неретко се во фокусот на јавноста.
Сани е некрунисана кралица на забавата во ноќните локали, клубови и кафеани. Едноставно со Сани нема утка, забавата е загарантирана.
Несомнено направила добра забава затоа што покрај веќе закажаните настапи, на социјалните мрежи објавија дека е закажан нов концерт во Мелбурн на 1ви јули којшто веќе е распродаден.
Турнејата ја започнаа на забава во Перт, а немаше Македонец кој не беше фатен на орото или барем станат да заигра.
Сани секојдневно е активна на социјалните мрежи каде што објавува по некоја мудра мисла или фотографии од настапи, но и приватниот живот.
Во едно интервју на крајот на минатата година си ја откри најголемата желба за новата година: Имам многу желби за 2022 година, но најголемата ми е да заминам на некоја турнеја или Америка или Австралија, и јас малку да прошетам.
Сонот и се исполни, па ни помалку ни повеќе, си замина во Австралија. Покрај работата има доволно време и да прошета и види некои од познатите австралиски знаменитости.
За разлика од летните температури овде, таму е веќе студено, па може да забележиме дека Сани во топол џемпер и чизми позира покрај фамозната Опера во Сиднеј.