Тивкото липање од срце на малата Ангела Величковски исчезна, а очите полни со солзи сега изгледаат само како еден лош сон.
Неверојатната трансформација што доживеавме да ја видиме, никого не остави рамнодушен. Вистинско мало чу до се случи за само неколку месеци од моментот на првата посета на Ангела и нејзиното семејство во селото Пелинце, до моментот кога ги посетивме во реновираниот дом.
Некогаш гола тула на недовршена куќа и руинирана столарија, а денес куќа од соништата! Девојка во српска носија со леб и сол, осветување на куќата, свечено сечење на лента и симболично предавање на клучевите од новиот дом, музика и гости.
Целиот труд е вложен од пријателите на нашата организација, како и од самото семејство, за да го одбележиме овој голем ден за сите нас.
Смеа, игра, солзи радосници, наизменично како на лента се менуваа на лицата на постарата сестра Валерија (18), Ангела (7) и таткото Мирослав додека траеше радоста.
Мајката Слаѓана како да не беше свесна за се што се случува и дека се што било ветено им е направено. Синовите Христијан (20) и Николче (9) се деца со посебни потреби.
И тие се радуваа на свој начин, како што знаеја и умееја, според состојбата во која се наоѓаат, но секако добитник на оваа радост беше малата Ангела.
Не мораше ништо да ни каже, а се ни кажа со своите постапки, кои можат да ги покажат само чистите детски срца, без никаква лажна скромност.
Сите сме со полни срца кога видовме колкава е помошта што за реновирање на покривот, изградба и адаптација на три соби и ходници, надворешни скали, изградба на бањи, поправка на плочата пред куќата, поправка на водовод и струја.
– Ви благодарам, браќа Срби за Србите, благодарам на сите што сте тука. Пресреќни сме – неуморно повторуваше Мирослав.
Малата Ангела конечно има се што и треба за посреќно детство. Условите во кои живееја најмладите Величковски без бања и вода сега се минато.
Покрај споменатите градежни работи на куќата, сите нови соби се комплетно опремени со следниот мебел: кујнски елементи со мијалник, трпезариска маса со шест столици, аголна гардероба, три двојни гардероби, четири единечни кревети, две маси и две столчиња, комбиниран фрижидер, електричен шпорет и шпорет на дрва.
Вредноста на сите споменати работи и испорачаниот мебел е 22.759 евра. Мора да укажеме и на помошта што ја дава нашиот долгогодишен соработник и изведувач, г-дин Чедомир Марковиќ со своите луѓе.
На свој трошок направија мало купатило горе, до собата што ќе ја користат девојките, како и настрешница пред куќата. Горди сме на првиот голем проект реализиран во 2022 година на подрачјето на Северна Македонија.
Оваа година очекуваме уште слични среќни приказни низ Македонија со оглед на тоа што се планирани неколку големи градежни зафати кои ќе ги реализираме и ќе израдуваме уште десетици други деца како малата Ангела, пренесуваат Србизасрбе.орг
Фото: „Србизасрбе.орг”