(ФОТО) Ирена Спасовска e горда мајка – ја покажа ќерка си и се пофали со нејзе, следеа честитки

  • By klaster3
  • јуни 4, 2022
  • 0
  • 347 Views

Македонската фолкерка Ирена Спасовска ужива во животот и сопствената слобода, користејќи го секој миг да се посвети на себе и својата кариера.

На домашната музичка сцена опстојува долги години, уште од далечната 1989 година, па добро знае дека на естрадата освен добра песна, потребна е и про вокација.

– На 16 години веќе бев најмалиот учесник на Фолк-фест Валандово во 1988 година, го имавме заедничкиот настап со Адријана, и сето тоа со молскавична светлина некако се одвиваше, и мислам дека до 20 години веќе го прошетав цел свет.

Не дека јас сум стара, туку едноставно почнав да пеам на 14-15 години, и затоа вела не суѕм ни толку стара, иако некој ќе рече: Леле, од кога пее Ирена? И сите добиваат една погрешна слика. Инаку сум во цутот на најубавата младост“, рече пејачката.

Ирена Спасовска откако комплетно „сврте нов лист“ во животот и на приватен и на професионален план, е се поактивна.

Фолк пејачката Ирена Спасовска и нејзиниот долгогодишен партнер, новинарот Орце Гелевски се разделија по 13 годишна врска во која невенчано живееја заедно.

– Мојата среќа ми беше најбитна. Останатите чудно го прифатија тоа, но како што велат секое чудо за три дена поминува, на некој начин оставив кучињата да си лаат.

Не треба разводот во 21 век да се сфаќа како табу тема. Исто така и пластичните зафати, за такви работи е жално да се зборува.

Јас бев доста чесна и искрена за разлика од некои што живеат во брак поради интерес за деца, за пари и за статус во опшеството. Имам своја работа, знам да се грижам за себе и за својата ќерка.

Тамара е многу музикална и настапуваше на некои детски фестивали. Има нижо музичко училиште, но сепак средното училиште реши да го продолжи на правен смер, а сега е четврта година на Фон.

Тоа ја исполнува и јас ја почитувам нејзината желба бидејќи мислам дека децата не треба да бидат клонови на своите родители туку да си го најдат својот пат сами и да уживаат во својата работа, изјави Ирена во едно интервју.

Нејзината единствена среќа, ќерката Тамара многу личи на мајка си. Тоа го покажува и фотографијата од апсолвентско табло која Ирена ја сподели на нејзиниот Фејсбук профил и напиша:

„Ќерко моја единствена-Среќна Апсолвенска – Следи го својот сон…Тој ќе те одведе до смислата на твоето постоење. Факултет АУЕ-ФОН Мултимедија и графички дизајн“.

Под објавата на Спасовска следеа честитки и најубави желби од голем број пријатели и нејзини фанови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *