Менче Точи која долги години важеше за водечка новинарка во нашата држава за гранката здравство од неаомана решни за професионална промена.
Точи која долги години ја гледаме на малите екрани со стории од областа на медицината, гранка која најдобро и лежи реши да замине во Фондот за здравство каде што ќе работи во оделот за односи со јавнот.
Таа веќе неколку месеци со успех работи на новата позиција, па сега има и повеќе слободно време кое го користи чесно да се огласи на социјалните мрежи.
Така беше и пред неколку дена кога Точи на својот профил на фејсбук се наврати на една случка која реши да ја сподели си пошироката јавност:
Eдно време имаше еминентни професори, лекари( многу од нив не се меѓу нас) кои беа окупирани со медицината, со жар работеа.
Класа луѓе, едноставни до бескрај. Многу време ми посветуваа, многу разговаравме за областите на кои им беа посветени.
Еден од нив со велосипед од тие старите модели си доаѓаше на Клинички. И тогаш имаше престиж, ама не му беше грижа. После дојде ерата кога почнаа да важат некои други искривени вредности.
И така еднаш еден директор(што си ја фарбаше косата, па наместо кафеава излегуваше црвена) на пешачки зашкрипе со гумите и полуизлезен од прозор од џипот, сред центар почна да вика во бе с:
“Менче ќе те газам!”. Се де реше пред зачудените минувачи, зарипна дури. Сите знаеме како му заврши директорската кариера. Се сетив вечерва на него, па ми текна за паралелата. Нема споредба!
Под објавата на Менче се редеа бројни реакции, во вид на коментари но и допаѓања на постот кој очигледно поубди голем интерес.