Водителот Јанко Илковски кој јавноста го препознава како Јанко Јади Бурек е еден од најпознатите македонски ТВ и радио водител.
Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од десет години. Емисијата со тоа име, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, и ТВ Сител 3 и ТВ Сонце.
Јанко Илковски работел и во печатените медиуми, меѓу кои пишувал текстови за: Вечерен дневен весник, Премин,Вечер Време и неделникот Фокус.
Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од страв да не го спомне и стави на тапет.
Илковски е доста активен и на социјалните мрежи каде што секојдневно споделува информации со своите фанови и пријатели.
Често знае на социјалните мрежи да спомене некоја македонска јавна личност и да искоментира во негов стил, како што е случај со коментарот за градоначалникот Митко Јанчев.
Како што е познато, Митко Јанчев е првиот човек на град Кавадарци и е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка. Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата воведува нови современи стандарди во раководењето и развојот на компанијата, а тоа го говори фактот дека Кожувчанка ДОО се наоѓа помеѓу 100-те најуспешни компании во државата.
Јанчев е познат по својата хуманост и бо рба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството.
Во 2017 година е избран за кандидат за Градоначалник на Општина Кавадарци од ВМРО – ДПМНЕ. Победува во вториот круг од изборите.
Неговата најголема амбиција е Кавадарци да стане убаво место за живеење со изграден систем на работа кој ќе трае во иднина. Оваа негова амбиција ја прифатија и граѓаните и доби огромна поддршка за што сведочи и вториот мандат.
Јанчев повторно сподели новина, односно на влезот на општинската зграда е поставена електронска табла на која граѓаните ќе бидат информирани преку известувања и соопштенија за активностите од интерес на граѓаните и општина Кавадарци. На тоа Јанко имаше што да му пише.
Ај организирајте се и пратете го Митко на одмор, да олабави малку! Нека му каже некој дека 4 годишна програма не мора да се реализира за 6 месеци!
Ги руга, резил ги прави останатите градоначалници кои уште саглам фотеља и службена кола не си купиле и ѓубрето од претходните не го фрлиле во канта не па друго! Аманеде …(со исклучок на Данела и Орце)“, напиша Јанко на неговиот Фејсбук профил.