Вчерашното видео во кое македонската претставничка на Евросонг 2022, Андреа, го фрла знамето на под е главна тема на дискусија меѓу македонскиот народ.
МРТ по однос на тоа излезе со соопштение дека нема никаква вмешаност во самиот чин и дека ќе се разгледа можноста за повлекување на Андреа од Евровизија.
Во меѓувреме Андреа сподели порака со извинување до целокупната македонска јавност велејќи дека се случило брзо и непромислено, без ло ша намера и се извини од срце.
– Последниве неколку дена единственото нешто што го правев е гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме. јас сум горда што доаѓам од тука и затоа ми е малце бесмислено зошто се случува ова, е дел од изјавата на Андреа.
Јордан Митев, како еден од најпознатите и најценети пејачи во Македонија кој веќе има долго реноме во фолк-музиката, јавно го изрази својот став на Фејсбук. Објавата ја пренесуваме во продолжение.
„Каков замав човече….џиткање со стил. А тоа знаме бре сестро ве финансира на вашата екскурзија….Тоа е, кога ќе те понесе моменталната еуфорија на многу објективи и светла вперени во тебе, секој не докован си ги покажува своите маани и слабо сти.
Не пон ижи бре сестро, го пон ижи целиот овој народ и му ја фрли-џитна и таа мала гордост што му остана, а како симболика на тој народ му го носиш знамето во раце и го претставуваш. Ср ам!
Во мојата реакција има сар казам, така да во таква смисла кога се кажува сестра не се мисли на сестра во вистински смисол на зборот.
Можам да ја наречам секако, нај вул гарно, но сепак, мојата маленкост не ми дозволува да се однесувам уличарски. Сепак мене ме следат секакви генерации.
Јас кажав јасно што сакав да кажам, и тоа го кажав од рево лт бидејќи ме по годи кога ја видов снимката, како што верувам секој совесен македонец ќе биде пог оден.
Ш тета, ш тета за сите нас, што оваа мала државичка им проко цкано многу пари на луѓе од секакви бранши па и во музиката, а истите тие не се вредни за својата држава.
Чуден фе номен кој треба во многу книги да се пишува и кога треба да се покаже како не треба, да се покаже нашиот пример“, напиша Јордан.