Десанка од Скопје: Синот посакува да ме нема, ми забранува да излегувам, ова не е живот

  • By klaster2
  • мај 9, 2022
  • 0
  • 442 Views

Десанка Стојкова од Скопје ја има најголемата бо лка за еден родител, непочитта од своето чедо кое го родила и исчувала.

Денес ниту ја гледаат ниту почитуваат но затоа ја малтре тираат. Од темел започнала да го гради домот заедно со нејзиниот сопруг и да создаде и остави нешто на своите, кој за жал не ја почитуваат.

Најголема среќа за еден родител е кога ќе добие рожба, но таа рожба на тетка Десанка ќе го оцрни животот а таа си ја отвори душата и раскажа се.

– Куќата каде што сега живее мојот син ја градевме ние, но тој мене ме мра зи, прави проб леми а зошто, навистина не знам.

Како што вели тетка Десанка таа е сама и забрането и е да излегува, да се види со некој и да поразговара а внуците што ги одгледала и вртат глава на улица.

– Ќерката кога ке и ѕвонам дека ми трбеа помош за да отидам до болница ќе дојде, но синот јас не го ни чуствувам како син повеќе…

– Синот посакува да ме нема, ми се за канува и на ќерката забранува да ми помага. Требало да легнам и да не станам овде никој да не ме пронајде ете тоа ми посакува.

– Соседката ми доаѓаше често, но сега не смее да дојде поради синот се пла ши. Внукот што 19 години го чував, пред два дена на улица ми ја заврте главата и замина.

Тетка Десанка зема само минимална наследена пензија, која едвај стигнува за лекови и сметки, кровот и се рони од ден на ден се повеќе па моли за помош.

– Јас сум во поодмианти години, па мене тешко ми претставува одењето во тоалет, тоа е голем предизвик за мене а не па нешто друго, вели таа пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Откако го изгубив сопругот мислев синот ќе ме чува, но тој ми заврте грб, а од една мрвка месо сум го исчувала и давала пари и сите други работи…

– Ова не е живот, детето што си го родил да ти го прави ова, но и јас не го чуствувам како син. Не можам да го наречам син.

– Вели чекам старата да замине од овој свет па да продадам се и да станам богаташ. Е тоа го вели човекот кој сте го израснале и сте му дале се.

Доколку сакате да и помогнете на баба Десанка да го доживее својот живот достоинствено тоа може да направите на телефонскиот број 076-737-573 или на жиро сметката 210501654019023

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *