Д-р. Пановски: Би ги затворил рестораните, а за казината и обложувалниците не би размислувал ни две минути

  • By admin
  • март 1, 2021
  • 0
  • 1954 Views

Бројките на заразени лица со корона вирусот во Македонија во последните неколку дена се зголемија.

Еден од најпознатите македонски микробиолози, Никола Пановски денес беше гостин во емисијата „Само вистина“ каде дебатираше за актуелната состојба со акцент на ширењето на британскиот вид на корона вирусот во Македонија.

„Секогаш кога бројките паѓаат, народот се опушта. После тоа му треба некој шок за да се свести и се надевам дека нема да дојде до многу полоша состојба. Смета дека два метри физичка дистанца е малку, треба да биде повеќе.

Од здравствен аспект би ги затворил рестораните, а за казината и обложувалниците не би размислувал ни две минути. Сепак, економски тоа не е изводливо“, рече макробиологот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.