Тони Зен најде начин како да заработи пари, па порача: Знаеме во каква ситуација се наоѓаме

  • By admin
  • март 1, 2021
  • 0
  • 1018 Views

Познатиот македонски рапер Тони Зен денес преку својата фејсбук страна објави:

ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ!

Бидејќи сите знаеме во каква ситуација се наоѓаме, мислам дека не е потребно објаснување ниту жалење од моја страна, единствено сакам да објавам дека од овој момент моите албуми можете да ги нарачате и купите онлајн, доставата ќе биде бесплатна низ цела Македонија, нарачајте преку порака директно овде или на мојот инстаграм профил tonizentoni, секоја поддршка е за респект, па дури и споделувањето на овој пост

– Ова се цените за албумите: Од изворот на изборот 350 денари, МикроСкопски организам 250 денари, Од изворот на изборот + Микроскопски организам 500 денари

Целата дискографија од пет албуми (Без албумот со Урбана Димензија) 1000 денари + гратис DVD од концертот со српскиот neo soul бенд “Maraqya” одржан во универзална сала во Скопје на 29.12.2011

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *