Попладнево е застрелан полицаец во населбата Ѓорче Петров. Имал полесни повреди на ногата и е надвор од животна опасност. Нападот се случил околу 16.40 часот на кружниот тек во близина на црквата Свети Петар и Павле.
Полицаецот бил во мерцедес додека напаѓачите од голф стрелале кон него по што избегале. Повредениот имал прострелна рана во ногата и сам заминал во градската болница 8-ми септември каде му е пружена прва помош.
На местото на оружениот напад во тек е увид. Засега нема сознанија за идентитетот на напаѓачите и мотивот.
Полициска патрола има и кај градската болница каде е повредениот и неговиот автомобил на кој има дупки од куршуми.