Младоженци се возеа во градски автобус, а нивната фотка го обиколи регионот – се огласија лично и кажаа за што станува збор

  • By klaster3
  • мај 6, 2022
  • 0
  • 514 Views

Интересна глетка имаа синоќа патниците во градскиот превоз, поточно во автобусот со број 26 откако во автобусот се качиле младоженци и веднаш станаа главна тема на интернет.

Фотографијата којашто ја споделија од нив бргу се прошири на социјалните мрежи, и иако првин непознати, за кратко време се открија и ја објаснија ситуацијата.

Станува збор за автобус во кој се наоѓале пет-шест лица, меѓу кои и еден „таен“ фотограф, благодарение на кој денеска главна тема на социјалните мрежи се Иван Ќосиќ и Маџида Лубура Ќосиќ, пишува „Блиц“.

– Се венчавме на први мај во Нови Сад бидејќи живееме овде. Имавме бајковита свадба и веселба во дворот на еден клуб. Сепак, сакавме да имаме слики од свадбата и од Белград, за кој сме особено приврзани бидејќи таму се запознавме.

Посебно ми се допаѓа Белград бидејќи мајка ми е од Белград, па добив желба фотосесијата да биде токму таму два дена по свадбата, да биде симболична.

Бевме среќни и расположени, цело време се шегувавме и се фотографиравме низ целиот град. Сите минувачи ни се насмевнуваа и честитаа – вели невестата.

Токму кога мислеа дека завршиле со сликањето, по обиколката на Дорчол, Калемегдан и откако се фотографирале на Бранковиот мост, направена е уште една фотографија за која сите зборуваат.

– Откако се сликавме побрзавме во ресторанот бидејќи имавме резервација во 9 и за да не чекаме такси, гледаме автобус 26 како доаѓа и решаваме да одиме со превоз.

Таму нè фотографирал еден дечко, претпоставуваме, затоа што не ни забележавме дека некој не фотографира. Потоа една госпоѓа праша дали сме вистински младенци и ни честиташе, а потоа почнаа коментарите на мрежите – се присетува Мајида.

Додека некои шпек улираа дека Иван бил толку дарежлив што изнајмил автобус за венчавки, други го нарекувале „слеп“ затоа што со автобус ја носи невестата пред матичар.

Останатите воодушевени од глетката срдечно им честитаа и им посакаа среќа во бракот. Ќосиќ не обрнуваат внимание на коментарите, важно им е што долгогодишната љубов ја крунисаа со брак и ширеа позитивна енергија.

– Драго ми е ако им донесовме насмевка на лицата на некои луѓе. Не се запознавме во автобусот, случајно се провозивме три станици и не ни можевме да замислиме дека ќе добиеме такви реакции – низ смеа заврши Ќосиќ, заблагодарувајќи се за бројните честитки од непознати лица кои ги добија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.