26 годишен скопјанец добил срцев удар по прележан Ковид 19. Бил итно примен во болница, а за да му го спасат животот лекарите морале да му вградат стент.
Но, ова не е единствен случај на млад човек да добие серизони компликации откако веќе го прележал вирусот. Уште двајца млади под 30 годишна возраст, биле хоспитализирани во ГОБ 8 Септември со пост ковид компликации иако пред да го прележат вирусот биле физички здрави.
Интернистот доктор Владимир Ристовски вели оти бројот на пациенти, кои со сериозни компликации по прележан ковид бараат лекарска помош, се зголемува.
„Имаме доста голем број на пациенти кои развиваат срцева слабост после прележан Ковид, имаме пациенти кои што развиле акутна тромбоза, односно акутно запушување на долните екстремитети како компликација од вирусот Ковид 19.
А имаме и пациенти кои за жал се повеќе млади, кои веќе прележале Ковид пред месец или два, а сега доаѓаат во фаза на акутна тромбоза на крвните садови на срцето, односно со акутен миокарден инфаркт. Тој број на пациенти е зголемен и се уште ќе се зголемува во наредниот период со оглед на тоа дека компликациите коишто биле претходно ги согледуваме сега и ги третираме сега“, вели интернистот д-р Владимир Ристовски за Алфа ТВ.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Алфа.