Наум Петрески: Колку што сум помогнал, не може ни да се напише – нема толку страници во тетратките

  • By admin
  • февруари 28, 2021
  • 0
  • 2262 Views

Познатиот македонски пејач Наум Петрески пред неколку дена го привлече вниманието на јавноста со интервјуто за естрадниот магазин Бекстејџ.

Тој потенцираше дека минува низ тежок период, загубил доста пари и живее од платата на сопругата и пензијата на мајка му.

Овојпат проговори повторно, сега во интервју за Фокус.мк каде што меѓу другото каже

-Ја давав мојата крв, како што и целиот мој живот го дадов за македонската музика. Колку што сум помогнал во овие 35 години, не може ни да се напише, нема толку страници во тетратките.

Да знаев дека ќе дојде вакво време, дека ќе бидам мета на вакви напади, поради тоа што сакам чесно да го работам тоа кое најдобро го умеам и е мојот живот, пеењето, сигурно дека ќе инвестирав во некоја друга професија, фабрика ќе отворев. Ова е тежок период за естрадните уметници, но нема потреба од сите оркестрирани напади врз нашата фела. Никој никого не го натерал на сила да слуша тоа што не сака

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *