Ќе се пребројува македонската дијаспора: Ќе видиме каде се има и колку Македонци по светот

  • By admin
  • февруари 28, 2021
  • 0
  • 1450 Views

Утре, еден месец пред официјалниот старт на најголемата статистичка операција започнува пописот на иселениците, кој ќе трае 50 дена, односно од први март па се до 21 април до кога ќе трае и официјалниот дел од пописот.

Бујар Османи, шефот на дипломатијата рече дека за целиот овој период ќе биде спроведувана кампања за мотивирање на нашите иселеници да се попишат, а за тоа деновиве тој имал и онлајн разговори со нашите амбасадори и конзули.

Податоците од пописот, рече Османи во иднина ќе бидат од голема важност за да им се помогне на нашите иселеници во местата каде што во моментот живеат.

„Побарав секое ДКП до понеделник да ми достави план како ќе ги информира граѓаните. Ќе ви кажам конкретен пример претставникот од Австралија рече дека имаат локално радио кое што го користат нашите иселеници и тоа е добра можност преку локалното радио да се информираат за начинот, постапката, времето на попишување и така натаму.

Некаде нема таква можност па ќе треба да се комуницира преку клубовите преку кои што се организираат граѓаните, преку социјалните мрежи“, изјави Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.