(ВИДЕО) Филипче утрово до граѓаните: Барам трпение и разбирање за вакцините

  • By admin
  • февруари 27, 2021
  • 0
  • 1143 Views

Првиот човек на македонското здравство, Венко Филипче утрово имаше обраќање до граѓаните преку видео порака во која меѓу другото кажа:

-Помина една година откако го регистриравме првиот случај на кооронавирусот во нашата земја. Во изминатата година докажавме и покажавме дека здравствениот систем има сили, знаење и искуство да се справи со најголемиот здравствен предизвик во поновата историја на светот.

Здравствените работници кои беа на првата линија на борбата против вирусот покажаа истрајност, професионалност и патриотизам на највисоко ниво и токму поради тоа, ја заслужуваат целата почит и благодарност.

Оваа година влегуваме во втората и последна фаза од битката со панемијата, а тоа е вакцинацијата. Знам дека сите сакаме оваа фаза да заврши што побрзо.

Како влада даваме максимални напори да обезбедиме вакцини што поскоро и доволно за сите граѓани. За што барам трпение и разбирање од сите. Набавката на вакцини е главен предизвик на сите држави во свето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.