Во најава голем камбек на Тони Михајловски пред тв камерите: Популарниот Шанац се враќа

  • By admin
  • февруари 27, 2021
  • 0
  • 1826 Views

Тони Михајловски важи за еден од најистакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар.

Во последните неколку години го снема некако на тв екраните откако стави акцент на политиката каде што е член на ВМРО ДПМНЕ.

Но се чини дека популарниот Шанац не може долго без тв, па најави камбек и тоа со својо најпрепознатлив тв проект, емисијата Опуштено.

Овојпат според најавите на инстаграм истата ќе оди на Алфа тв а првото снимање треба да се случи за неколку дена. Повеќе детали засега не се познати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *