Ѓорѓи Колозов да беше жив денес ќе полнеше 73 години – ќерка му Катерина не го заборава

  • By admin
  • февруари 26, 2021
  • 0
  • 2372 Views

Катерина Колозова, ќерката на легендарниот македонски актер Ѓорѓи Колозов кој долги години не е помеѓу живите, денес се потсети на денот кога беше роден и притоа сподели статус, над кој напиша: Среќен роденден: 26 февруари.

Среќен роденден честити царе!Денес ќе полнеше 73 години и пак немаше да бидеш стар!

Ѓорѓи Колозов, роден е на 26 Февруари 1948 година во Богданци. Син е на Ристо и Катерина Колозови. Важи за еден од најпопуларните глумци што некогаш се појавиле во Македонија!

Љубовта кон народната реч, кон она што се нарекува македонски фолклор и традиција најпрво ја наследува од својот татко Ристо, кој исто така се интересирал и собирал народни приказни и умотворби. Неговата кариера главно ја одбележува најгледаната серија на сите времиња што некогаш се снимила во Македонија, Македонските народни приказни. Главен “виновник” за популарноста на оваа серија е токму тој, со неговиот претпол лик, уникатниот изглед и угушливата и природна насмевка! Станува миленик на народот.

Ретко докажан глумец, на кој му лежеа баш сите улоги, толкувајќи од селанец до цар, од сиромав до чорбаџија и од ѓавол до Господ…
Народот најповеќе го памети како ЦАР со богати трпези, а тој како слатко “черечи печено коковче.”

Приказните покрај тоа што имаа за цел да бидат поучни и занимливи, Ѓорѓи строго внимаваше на народниот збор, дијалект кој произлегуваше од писанијата на Марко Цепенков кои пак го опфаќаа Прилепско-Битолскиот регион. Тргнувајќи од таму магијата на Колозовите приказни беше топла и прифатлива за сите возрасти!

Тројцата авантуристи, ентузијасти и љубители на народната реч…Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова и сценаристот Димитрија Паволовски од периодот на 1984 до 2003 година за Македонската телевизија реализираат блиску 300 епизоди од овој бесценет проект.

Ѓорѓи Колозов својот пат го завршува во 2003 година на 13 Октомври на 55 годишна возраст. Заминува неочекувано без поздрав.
Создаде дела во временски период како да бил 300 годишен човек!

Низ помислите понекогаш се запрашувам, уште колку ли бесценети и драги приказни би имале ако овој човек беше жив и денес?!
Бог да го прости и да му дарува царство небесно

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.