(ВИДЕО) Климент: Ветувам бел ден нема да види тој – нудам и награда од 500 евра за сведоштво

  • By admin
  • февруари 26, 2021
  • 0
  • 6766 Views

Статус на Климент Арнаудов:

Мајкичката денес се раздели од душињата свои. Трогателна глетка, плаче по нив, цвили, ги чува и не ги дава небаре уште живи се. Без непотребни сентиментализми го пишувам ова, нема ништо преувеличено.

Душава сабајлината ги тргнала од местото кај што ги имав покриено за да не ги растргне некое диво животно, ги однесла на сонце мислејќи дека живи се бебушите нејзини па да се стоплат, шо ти е мајкичка, и шо ти е човек кој во човечноста потфрлил и во ѓавол се престорил.

Ќе притискам во Јавно обвинителство да се дојде до злосторникот, а тогаш ветувам бел ден нема да види тој, не би сакале да ми сте во поракиве кој гнев го има меѓу мнозина луѓе.

Во меѓувреме и на мој начин вршам истраги, преголем бол е за ова да се дозволи да помине тукутака. Нудам и награда од 500 евра за сведоштво кое до сторителот ќе нѐ доведе. Ах…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *