Се огласи и Никола Груевски – не можеше да ја сокрие радоста по пласманот на Македонија на СП

  • By admin
  • април 18, 2022
  • 0
  • 485 Views

Победата против Чешка е една од најголемите во македонската ракометна историја. Резултат од 27-25 ќе останат врежани како продолжување на континуитетот, достојно заминување од селекцијата на Лазаров, Миркуловски и Стоилов, но и сплотеност како никогаш досега и како никого претходно.

Дека нашата репрезентација е едно големо семејство и дека тоа не е вообичаена фраза, најдобро покажуваат фотографиите од соблекувалната по натпреварот.

Сите ракометари, членовите на стручниот штаб, претседателот на федерацијата Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски заеднички славеа и пееја победнички песни.

Македонија од 2012 година е на големата сцена, а со таков учинок ретко кој од Европа може да се пофали. Ниту една национална репрезентација толку долго не настапува на големите спортски приредби.

Низ историјата Македонија била дел од седум Мундијали. Првото учество го имавме во далечната 1999 година, кога го остваривме и најлошиот пласман, заземајќи го 18-то место.

Следуваше пауза од четири првенства и повторно појавување на светската ракометна сцена десет години подоцна. Во Хрватска остваривме и најголем број победи (5), но тие беа доволни за пласман на 11-та позиција.

По отсуството во Шведска 2011 година, македонските репрезентативци врзаа пет учества во низа, вклучувајќи го и овогодишното.

Најдобар пласман беше оној од Катар 2015 година (деветто место), каде во групната фаза бевме одлични со четири победи и само еден пораз. Сепак, Словенија ни застана на патот во првата нокаут фаза и не исфрли од турнирот.

Пред една и пол година во Египет се пласиравме по откажувањето на Чешка и ја минавме првата групна фаза, но со порази во главната групна фаза завршивме со пласман од 18. до 24. место.

Следното Светско првенство ќе се одржи во Полска и Шведска во јануари следната година.

По големата победа над Чешка и пласманот на Мундијалот со реакција се јави и поранешниот премиер Никола Груевски. Тој е можеше да ја сокрие радоста и упати кратка порака преку својот профил на фејсбук:

Бор бено, во на пната атмосфера со тежок противник и многу добро одигран натпревар на македонскиот тим, кој резултира со пласман на светско првенство.

Честитки за ракометарите, селекторот, стручениот штаб и федерацијата. Со успех на светското првенство! Македонија се гордее со вас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.