Севда од Скопје: Јадам по црквите, ги изгубив најмилите, а веќе немам ниту волја

  • By klaster2
  • април 18, 2022
  • 0
  • 420 Views

Севда Захаринова од скопско Ѓорче го изгубила своето чедо, а неколку години претходно го губи и својот сопруг, денеска не знае што да направи за да преживее и да се прехрани.

Таа го живее најлошиот можен живот за нејзини години. И наместо да прави свадба на децата и да се радува на внуците таа е завиена во црнило, сама минувајќи ги деновите.

Оваа храбра жена немала пари ниту да ги испрати како што е редот најмилите, од минималната инва лидска пензија и остануваа околу 3.000 денари.

Пари со кој не може ниту да се прехрани. Па често решение за гладта бара во манастирите и црквите. А како што вели денот и е вечност.

– Синот го нема веќе една ипол години тој сега требаше да полни 41 година. Сопругот исто така од нер вози замина на другиот свет.

– Животот си го направи своето. Сопругот никогаш не се помири што остана без работа, цели десет години беше на заводот.

– Да не беше брат ми немаше да можам да ги испратам како што доликува ниту синот ниту сопругот. По заминвуање на синот започнува мојот живот во неизвесност и осаменост.

– Немам волја и смилса да продолжам, бо ли и десет деца да имам, а камоли само едно и тоа да го изгубам, вели Севда пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Земам пензија 10.900 денари но кога ќе ги платам сметките, кредитите што морав да ги подигнам, ми остануваат помалку од 3.000 денари.

– Одам по цркви јадам, а некогаш морам да барам и од брат ми и снаа ми, но и тие немаат којзнае колку имаат свое семејство.

– Има денови и кога нема ништо за јадење, гледам барем сув леб да јадам, за да можам да издржам, а и бо лестите се редат едни по други.

– Голема желба ми е да си ја средам куќата, одоздола нема подлога цела куќа е со картони. Додека пак ѕидовите не се избелени над 15 години.

– Апелирам доколку може да ми се помогне бидејќи сум слаба со храна но и со облека, не знам уште колку ќе можам да издржам вака.

Доколку сакате да и помогнете на оваа жена достоинствено да го доживее својот живот тоа може да го сторите на телефонскиот број 071-728327 или на трансакциската сметка 300007030496210

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *