Трифун Костовски: Среќата беше моја што го имав Вања до мене

  • By admin
  • февруари 19, 2021
  • 0
  • 793 Views

Бизнисменот Трифун Костовски пред неколку дена на својот профил на фејсбук се огласи и сподели пост во кој што вели:

ДРУГАРУВАЊА – Мојот Другар Вања

Другарувањето со Вања отпочна уште во раните 60-ти години, најпрво во школските клупи, а потоа во сите сфери на нашето живеење.


Комуникацијата меѓу нас се изгуби кога заминав на печалба надвор од Македонија. При првата средба која се случи на аеродромот во Виена, другарувањето ни продолжи како пред тоа да не постоел никаков временски период помеѓу.

Човек наоружан со сите човечки атрибути, чесност, принципиелност и посветеност.Неговата посветеност дојде до израз со носењето на шампионската титула во Скопје.

Вања во себе имаше вграден систем да препознава вредности во луѓето, а посебно во ракометарките. Сите кралици на Шампионскиот тим Кометал-Ѓорче Петров се дело на умешноста на Вања да препознае квалитет и да сето тоа го вклопи во тимска солидарност и посветеност.

Многумина како мене вложиле и поголеми пари да освојат титула, меѓутоа без вистински луѓе во тимот, таа цел е тешко остварлива. Среќата беше моја што го имав Вања до мене.

Мене и Вања не врзуваат многу нешта во кои би ги издвоил трите најбитни: музиката, спортот и посветеноста. Обајцата го сакаме животот, во вистинска смисла на зборот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.