Ангеловски: Задоволен сум од тестот, играчите ќе ги следиме во иднина

  • By admin
  • февруари 19, 2021
  • 0
  • 579 Views

Селекторот на Македонија е задоволен од прикажаното на денешниот тест наторевар против Работнички. Составот на Македонија во кој беа повикани играчи од домашниот шампионат и неколку странци, оствари победа од 2:0 со головите ма Дориев и Исмаили.

“Сакам да им се заблагодарам на фудбалерите, што ги одработија овие три тренинзи, и на клубовите што ги ослободија од обврските, бидејќи ова не беше ФИФА термин, благодарност и на Работнички што ни излегоа во пресрет да одиграме тренинг натпревар.

Резултатот беше во втор план, целта беше фудбалерите да имаат можност да се запознаат со методите и принципите на работа во А-репрезентацијата, некои од нив веќе имаа такво искуство, но другите што немаа, имаа можност за тоа, а ние имавме можност уште подобро да се запознаеме со нивните квалитети и можности.

Задоволен сум од тоа што го одработија овие три дена, нормално дека ќе ги следиме во иднина, и во зависност од нивната форма и потребите на репрезентацијата ќе ги носиме следните одлуки”,изјави селекторот, Ангеловски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *