Кристијано Роналдо со потценувачка изјава за Македонија пред меѓусебниот дуел

  • By admin
  • март 28, 2022
  • 0
  • 566 Views

Македонската фудбалска селекција ќе има мали шанси за ново изненадување според предвидувањата најдобрите светски облож увалници.

Коефициентот за победа на Португалија е само 1.2, додека за славје на нашиот национален тим дури 18. Предвидувањата се и дека домашната репрезентација ќе постигне два, а нема да прими погодок на оваа средба во Порто.

Во корист на македонската селекција оди формата од последните пет гостувања, на кои нема ниту еден пораз. Кога поведуваме со 0-1, победата е на наша страна во 80% од случаите. Меѓутоа кога губиме со 1-0 на гостински терен, немаме запишано ниту една победа.

Кристијано Роналдо е најдобар стрелец за Португалците со шест гола во овие квалификации. Кај македонскиот тим се истакна херојот од Палермо, Александар Трајковски, со еден погодок помалку.

Фудбалската репрезентација на Португалија утре ќе ја пречека Македонија на стадионот Драгао во Порто во бараж меч кој ќе го реши патникот на Светското првенство во Катар.

Португалците се апсолутни фаворити на овој меч. На Македонија и се даваат мали шанси да оди понатаму, но откако на неверојатен начин го исфрлија големиот фаворит Италија, веќе никој не отпишува така.

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо е убеден дека Португалија ќе оди на Мундијалот и дека утрешниот натпревар за нив е финале на Мундијалот.

“Утре е финалето за нас и подготвени сме. Дали сме фаворити? Секогаш се сметам себеси за фаворит, дома или на гости. Знаеме дека победата не носи на Светското првенство. Имаме голема одговорност да победиме на овој натпревар”. – изјави Роналдо.

Тој ја пофали Македонија, но рече дека нема да има изненадувања против Португалија.

„Изненадија на многу натпревари, но сигурен сум дека нас нема. Португалија ќе победи и ќе оди на Светското првенство“, изјави Роналдо и додаде:

„Светското првенство не може да се игра без Португалија. Морам да кажам дека ние сме вистинска тим и никој не се издвојува“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.