Кулушевски откако не сакаше да зборува на македонски: Македонија за мене е многу важна, никогаш нема да заборавам од каде доаѓам

  • By admin
  • март 20, 2022
  • 0
  • 455 Views

Македонскиот фудбалер, кој се определи да игра за шведската репрезентација, Дејан Кулушевски ја изненади јавноста во нашата земја, со одлуката да не говори македонски при интервјуто за регионалниот спортски канал „Спортклуб“.

По поразот на Тотенхем од Манчестер Јунајтед со 3-2 (2-1) шведскиот репрезентативец, кој настапуваше за У17 селекцијата на Македонија, го одби новинарот Невен Цвијановиќ, кој му постави прашање на хрватски јазик.

Шведскиот репрезентативец побара интервјуто да биде реализирано на англиски јазик, бидејќи многу малку го разбирал македонски јазик.

За потсетување, своевремено пред 7 годинини, во 2015 година Дејан откако заигра за нашата млада селекција имаше кажано:

-Видов колку моето семејство беше среќно откако настапив за Македонија. Никогаш не знаеш што носи иднината, но имам желба, одлично сум примен во македонската репрезентација и се надевам дека ќе така ќе биде.

Многу прашина се крена во нашата јавност по интервјуто фудбалерот на Тотенхем Дејан Кулушевски за Спорт Клуб кога кажа дека не може да зборува на македонски.

Како што е познато Кулушевски играше за нашата млада репрезентација, но сепак одлучи да игра за А-тимот на Шведска, за земјата во која што е роден, а не за Македонија.

Дејан вчера за медиумите во Англија во изјава проговори за своите корени и за Македонија.

“За мене и моето семејство Македонија е многу важна. Како што вели мајка ми ние никогаш нема да заборавиме од каде доаѓаме.

Одам во Македонија секое лето, многу ми се допаѓа таму. Отсекогаш сум велел дека ако можам да играм и за Шведска и за Македонија тоа ќе биде најдобро. Но, морав да одберам, и јас ја одбрав Шведска затоа што јас во таа земја сум роден“ истакна Кулушевски.

Инаку неговиот татко Стефан е роден во Шведска,но потекнува од Македонија, додека неговата мајка Катица е родена во Македонија каде што е израсната, но како полнолетна се преселува во Шведска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.