Првиот човек на Кавадарц Митко Јанчев е семее човек, со сопругата на Веселка и татко на три деца: Никола, Стојанче и Мила.
Митко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а Магистерските студии на истиот ги завршува во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.
Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија.
Функцијата управител ја превзема на 23 годишна возраст, по заминувањето од овој свет на неговиот татко кој беше основач на компанијата Кожувчанка.
Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата воведува нови современи стандарди во раководењето и развојот на компанијата, а тоа го говори фактот дека Кожувчанка ДОО се наоѓа помеѓу 100-те најуспешни компании во државата. Исто, под раководство на Јанчев, компанијата го привлекува и соработува со светски познатиот бренд Синалко од Германија.
Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци.
Јанчев е познат по својата хуманост и бо рба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството.
Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава. Дава особени придонеси низ спортот во град Кавадрци преку 10 годишната финансиска поддршка на КК Фени Индустри, Џудо клубот Кожувчанка, низата фудбалски клубови во Кавадарци, ГРК Тиквеш и многу други.
Дава поддршка и на многу културни и уметнички настани,помагајќи на најразличен начин. Преку различни донации придонесува и во развојот на медицината во нашата држава, особено во град Кавадрци со повеќе донации како реконструкција на прозорци и апарат за ЕКГ во Здравствен дом Кавадарци и амбулантно возило Мерцедес за општата болница во град Кавадарци.
Во 2017 година е избран за кандидат за Градоначалник на Општина Кавадарци од ВМРО – ДПМНЕ. Победува во вториот круг од изборите.
Неговата најголема амбиција е Кавадарци да стане убаво место за живеење со изграден систем на работа кој ќе трае во иднина. Оваа негова амбиција ја прифатија и граѓаните и доби огромна поддршка за што сведочи и вториот мандат.
Пред неколку дена Јанчев имаше убава причина за прослава а тое е влегувањето во светот на возрасните на неговиот син Никола кој воедно е и негово најголемо дете.
Најголема радост за еден родител е да биде сведок на безгрижното детство на своите деца, палавото тинејџерство а потоа и влегувањето во светот на возрасните.
Денес е голем ден за семејството Јанчеви. Првородениот син Никола денес слави полнолетство. Гордост е да му го покажеш вистинскиот пат на своите деца , гордост е да гледаш како неуморно сакаат да учат од родителите. Среќен 18 ти роденден Никола.
Многумина се прашуваат што ли добил од татка си за роденден, а одговорот набрзо пристигна. Имено Никола се поднови со нов џип БМВ x6 во црвена боја чија вредност може да достигне околу 100.000 евра во зависност од опремата.