(ФОТО) Внуката на Трифун Костовски е вистинска убавица – вели дека е горд на нејзе

  • By admin
  • март 2, 2022
  • 0
  • 470 Views

Познатиот македонски сопственик, хуманитарец и поранешен градоначалник на Скопје Трифун Костовски откако стана активен на социјалните мрежи е се поинтересен за јавноста.

Бизнис кариерата на Костовски почнува во почетокот на 1970-тите година.Неговиот подем започна далечната 1991 година во Виена, Австрија како основач на Кометал Трејд.

Компанијата се занимава со активности во сферата на металургијата на австрискиот, швајцарскиот, полскиот, украинскиот и рускиот пазар.

Трифун Костовски како политичар најмногу го опишува неговото мото „За мене единствена партија е Македонија“. Во својата работа како независен пратеник, член на многу домашни и меѓународни организации и градоначалник на Скопје, Костовски секогаш на прво место ја става Македонија и нејзините граѓани, нивните потреби, почитувањето на човековите права и достоинството на сите Македонци и земјата на која и го посвети својот живот.

Трифун Костовски животот го посветува на помош на оние на кои им е најпотребна, грижа за науката, културата и уметноста, иако јавноста најмногу го знае по неговото спонзорирање во спортот.

Костовски често знаел да спомне дека е фамилијарен човек а за тоа има кажано:

Односот на мојот татко ме научи дека чистиот образ е најважен. Тоа беше мојот компас во животот. Така се воспитани и моите три деца.

Имам чесни деца кои се исправени пред себеси и пред своите семејства, со чесни намери, нивното човекољубие е евидентно присутно кај сите нив.Семејството ми е приоритет. Здравјето и иднината на моето семејство секогаш се во фокусот на мојата визија. Како сопруг сум совршен.

Можеби звучи претенциозно, но така е. Не се мешам во домашните работи, односно не се мешам никаде каде што не ми дозволуваат.

Уште од првите денови на бракот со мојата сопруга Драгица-Дизи, таа ми кажа: „Не сакам ниту да влегуваш во кујна, ниту да купуваш нешто“.

Кога ќе ме пратеше нешто да купам, не купував ништо како што треба. После кусо време ми рече „ти не си за на пазар“. Јас и одговорив дека сум израснат на пазар, на што таа ми рече „да, но ти си израснал од таа страна на тезгата, не од оваа“.

Како татко, мојот став отсекогаш бил да бидам нежен, меѓутоа принципиелен и на моменти риг орозен. Вообичаено сум познат меѓу граѓаните како дарежлив човек, и апсолутно сè што имам во џеб ќе го дадам, и сопругата често пати ми префрлуваше со зборовите: ти штедиш на децата, не им даваш на децата, туку даваш на други

Горд сум на нив. Имам чесни деца кои се исправени пред себеси и пред своите семејства, со чесни намери, нивното човекољубие е евидентно присутно кај сите нив.

Како понатаму ќе го креираат својот живот, зависи од нив. Јас дадов колку што можев, и сè уште ќе давам и мислам дека можам да им бидам од голема помош.

Трифун Костовски е татко на три деца, синовите Коки и Филип и ќерката Олга, а во исто време е и дедо. Често знае со внуката Нада да објави некоја фотка, а за нејзе знае да каже дека е горд.

– Мојата убава, сакана и мила внука Неда, на која сум горд прераснува во личност добро воспитана, амбициозна и истовремено пренесувајќи ја традицијата на нашето семејство.

Нејзиното име го носи од мојата пок ојна баба“, напиша Костовски за својата убава внука Неда.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *