Амди од Штип: Собирам шишиња да извадам барем за леб, сега и струјата ми ја укинаа

  • By klaster2
  • март 2, 2022
  • 0
  • 476 Views

,,Бор ба за живот” вака го опишува Амди од Штип секојдневното собирање на пластични шишиња. Вели од рани зори па се до дека не се стемни од и собира по контејнерите и секаде низ патот.

Кои ги продава по килограм за да на крајот на денот да добие некој денар за леб. Преживува од социјална помош и од собирање на шишиња.

Животот како што вели е многу тежок, но мора да го живее и парите што тој ги заработува не се валкани и се чесни, вели тој за М- нет телевизија.

– Морам да го работам ова за да преживеам, да скрпам крај со крај, еве сега ја изгасија и струјата па мора да се снајдеме некако.

– Шишињата се откупуваат по 20 денари по килограм. За килограм треба многу да се оди и да се собере, но сепак сме благодарни.

– Бидејќи некој граѓани ни даваат шишиња. Често тие знаат да ги остават во една вреќа а јас потоа поминувам и ги земам.

– Не можам да се потрпам само на социјалната помош, одам и помагам кога некој ќе ме викне, па и од тоа земам некој денар, вели Мемедов.

Зголемените цени на производите дополнително влијаат на и така неговиот кревок живот. Благодарен е да има парче леб за да може да преживее.

– Собирам шишиња по цел ден, да речеме до осум часот. Животот ми е многу тежок, доволно да извадиш само парче леб а за друго да не зборувам.

Мемедов не е единствениот кој преживува од собирање на пластични шишиња. Во Штип и околијата уште многу граѓани вака врзуваат крај со крај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.