Вучиќ вечерва се огласи: Од Србија за Македонија пристига помош во тони

  • By admin
  • март 2, 2022
  • 0
  • 449 Views

Како што е познато Русија и Украина заедно произведуваат 14% од пченицата во целиот свет и учествуваат со 29% од вкупниот извоз на пченица, според податоците на Гро Интелиџенс.

Русија и Украина имаат доминантна улога во светот за снабдување со сончогледово масло учествувајќи со неверојатни 76% од извозот на овој производ глобално.

Во 2019 година Украина беше рангирана на 51-то место во светот во однос на вкупната вредност на извозот со што таа е светски лидер во однос на извозот на земјоделски производи.

Првиот човек на соседна Србија, претседател Александар Вучиќ во вечерашното на своето обраќање до јавноста за полититичката и економсата ситуација околу настаните во Ураина, изјави дека Србија на барање на Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.

-Ние денеска ги добивме потребите на Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа.

Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ, изјави Вучиќ.

Тој кажа дека Украина и Русија се вкупни извозници на пченка од 29 отсто на светската производство, за што има големи последици по настаните.

Според срспкиот претседател, Србија има доволно количини на пченка, за брашно тип 500, за леб и за сè друго и нема да го ограничи извозот.

-Во овој момент нема да го ограничуваме извозот, ја следиме состојбата и подготвивме мерки да го ограничиме извозот на пчеката и пченицата на 20 отсто, доколку за тоа има потреба, но во овој момент за тоа нема потреба, кажа Вучиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *