Гоца Тржан: До 18 години живеев во гулабарник, но за се сум и благодарна на родителите

  • By klaster2
  • март 1, 2022
  • 0
  • 606 Views

Колку и да имаме години и без разлика што сме постигнале во животот, за нашите родители ние сме нивни мали деца и треба да ги почитуваме додека се живи .

Поп пејачката Гоца Тржан која долги години е на естрадата потполно го дели ова мислење, а со следбениците на социјалните мрежи често споделува фотографии на кои е во прегратките на нејзиниот татко Антон и мајка Роксанда.

„ Кога ќе најдам вакви слики од детството, размислувам за тоа колку не сме свесни за жрт вите и безусловната љубов на нашите родители.

,, Колку пати ги гриземе за срцето од тинејџерска опсе сија, колку сме среќни што ги имаме во нашите животи, да ни помогнат во воспитувањето на нашите деца“, напиша популарна пејачка покрај црно-бела фотографија на која е со нејзината мајка.

– Да можев да се вратам назад. Но, не можам и затоа се трудам да бидам благодарна што имам уште живи и здрави родители.

– Што Лена има баба и дедо кои се тука за неа, што можам да ги гушнам и да покажам дека ги сакам и дека сум благодарна за моето воспитување и здравото детство што ми го дадоа.

– Не губете време, покажете им на родителите колку ги сакате додека се живи, бидејќи кога ќе заминат – ќе зажалите – вели Гоца, која не се колеба јавно да им каже на родителите колку ги сака.

Секогаш крајно искрена, Гоца Тржан не криеше дека пораснала во скромни услови, но сигурна е дека љубовта и нежноста што ги носи од родителскиот дом се највредното нешто со кое може да се пофали.

– Моите родители заедно создаваа, заедно пораснаа, немаа ништо. Живееа во соба со тетка Љуба. Тогаш татко ми доби стан од вој ска.

Тој стан беше 42 квадрати, на осми кат без тераса. Го викавме гулабарник. До 18 години живеев во тој стан со семејството – изјави Гоца.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.