Веќе од утрово започна да се менува живото на Бранко и внучето Доне од Велес: Студот и мракот стануваат минато

  • By admin
  • март 1, 2022
  • 0
  • 508 Views

Сторијата за велешкото семејство Јовановиќ, поточно за 63-годишниот Дедо Бранко и неговиот 8-годишен внук Доне предизвика големо внимане во јавноста.

Дедото Бранко пред камерите на ТВ 24 реши да го раскаже својот живот, а неговите зборови не оставија никого рамнодуешн и допреа до многумина.

Уште утрово на негова врата затропаа луѓе кои веднаш решија да му помогнат. Пред се тука мислиме на градоначалникот на Велес Марко Колев и пастор Филип Иванов.

Првиот човек на Општина Велес, Марко Колев утрово го посети и му донесе помош и му вети нова и притоа напиша:

-По вчерашната објава за тешкиот живот на нашиот сограѓанин Бранко Јовановиќ утрово заедно со Филип Иванов од Евангелска Црква бевме да го посетиме и да направиме она што е во нашите можности за да му помогнеме.

Од име на Општината му однесов пакет средства за хигиена и училишен прибор за малиот Доне, внукот на Бранко, а дадов налог на ЈКП Дервен за донирање на дел од деградираните дрва со кои тие располагаат, со што Бранко веќе утрово беше обезбеден со дрва за огрев.

Во заедничка координација со Филип, од негова страна беше обезбеден пакет со храна и средства за подмирување на долгот за електрична енергија.

Во наредниот период Општината на Бранко ќе му додели и еднократна парична помош, а од комуникацијата со Центарот за социјални работи во Велес ме известија дека одредена помош ќе добијат и од таму.

Воедно, упатувам апел и до сите хумани граѓани и општествено одговорни компании да се вклучат во акцијата и заеднички да помогнеме за пристоен живот. Зашто Велес е за сите граѓани!

И пастор Филип Иванов се огласи на социјалните мрежи и притоа напиша:

Епа слава на Бога, бидна и ова! По вчерашната сторија за Бранко и неговото внуче, кои седеа гладни, во темнина и студ, дотолку што Бранко почнал да го се че мебелот да се згреат, утрово ги посетивме заедно со градоначалникот на Општина Велес.

Од црквата им однесов пакет храна, што ќе го добиваат и понатаму, а го плативме заостанатиот долг за струјата, што значи уште денеска ќе ги нема студот и темнината од нивниот дом, струјата ќе биде повторно вклучена!

Градоначалникот обезбеди пакет хигиенски производи, а додека го пишувам ова се чека да пристигнат дрвата од ЈКП Дервен. Бранко ќе добие и еднократна парична помош од Општината.

Затоа што Бранко има и заостанати две кирии за плаќање, сè уште има простор за да ни се приклучи некој кон ова дело.

Денеска се радувам од две причини, прво затоа што Бранко и малиот Доне ќе ја добијат сета помош што им е потребна, и второ, затоа што Евангелска Црква и Општина Велес се синхронизираат и соработуваат сè повеќе и повеќе, за добро и благослов на нашите сограѓани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *