Пејачот Спасен Силјаноски: Никогаш не сум бил сиромашен, но сум бил без пари

  • By admin
  • февруари 14, 2022
  • 0
  • 1219 Views

За македонскиот фолк пејач Спасен Силјановски познато е дека  покрај тоа што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор.

Спасен е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство и од работите кои ги прави во слободно време.

Мора да се признае дека пејачо умее да биде и доста романтичен, а тоа се гледа од фотографиите кои ги објавува од неговта сопруг која е вистинска убавица.

За неа секогаш пишува емотивни пораки. Спасен и Ана пред седум години се ветија пред Бога на вечна љубов во манастирот Света Богородица Пречиста, а на свадбата пееја колегите на Спасен – Дарко Стојаноски, Орце Стефкоски, Благица Калева и групата „Модус“.

Нивните деца имаат пет и седум години, а како што самиот вели, најголемата поддршка ја добива од својата убава сопруга. Но тој не крие дека таа понекогаш знае да биде и љубо морна, но во нормални граници, а во интервју за „Вечер.пресс“ отворено зборуваше и а тоа дека семејството за него го претставува клучниот фактор за успех.

Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.

Тој е многу приврзан и за својата мајка, Јагода, која најчесто ги пишува текстовите за неговите песни.

Неодамна Спасен Силјаноски гостувајќи на музичкото шоу “ИмаТ немаТ” пееше песна која ја има напишано неговата мајка за друг пејач. Имено Спасен цело време дури ја пееше песната плачеше.

Пред некој ден Спасен на својот профиил сподели статус во кој што тој напиша:

Никогаш не сум бил сиромашен но сум бил без пари. Да се биде без пари е променлива состојба, да се биде сиромашен е состојба на духот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.