Како што е познато, од вчера стана јасно дек македонската фудбалска легенда, Горан Пандев и дефинитивно кариерата нема да ја заврши во Џенова, туку последните шест месеци ќе ги мине во редовите на Парма.
Изненадувачки, струмичанеџот се реши за нова и последна авантура во култниот италијански клуб кој се натпреварува во Серија Б.
Откако претходно двата клуба се договорија, „грифоните“ го ослободија Пандев во Парма и тој парафира договор до крајот на оваа сезона. Екипата од „Енио Тардини“ го потврди македонскиот напаѓач преку официјално соопштение и тој веќе пристигна во клубот.
„Гранде“ Пандев ќе заигра и во седми тим во Италија. Преку Интер, Специја и Анкона, струмичкиот фудбалер дојде до Лацио, па играше пак за „нераѕурите“.
Пандев заигра и за Наполи пред да замине на кратка авантура во Галатасарај, но потоа се врати во Серија А во таборот на Џенова.
Клубот од „Луиџи Ферарис“ пак е во бо рба за опстанок, ама Пандев не се изнаигра оваа сезона. Од друга страна Парма не успеа да го пронајде рецептот за брз кам-бек во елитата и е на средината од табелата во втората лига.
Пандев ќе заигра со легендарниот Џанлуиџи Буфон, па ќе се обиде да помогне Парма да се вклучи во трка за горниот дел од табелата.
Откако претходно двата клуба се договорија, „грифоните“ го ослободија Пандев во Парма и тој парафира договор до крајот на оваа сезона. Екипата од „Енио Тардини“ денес го откри бројот што македонската легенда ќе го носи во следните пет месеци.
Пандев се реши за „27-ка“, број кој што има големо значење во неговата кариера, затоа што со истиот настапуваше во Интер, кога ја освои Лигата на шампионите.
На потписот со новиот клуб нашиот Горан Пандев дојде со својот автомобил, џип Ренч Ровер Велар Р-динамик бела боја чија вредност се проценува на околу 70.000 евра.