Градоначалникот одлучи: 160.000 денари за секое новородено дете денеска

  • By klaster2
  • февруари 1, 2022
  • 0
  • 462 Views

Проблемот со наталитетот се зголемува од година во година, се повеќе луѓе со одлучуваат да заминат во странство во желба за подобар живот.

Овде остануваат за жал се постари граѓани и населението постепено старее и тие што остануваат тука се помалку се одлучуваат за многудетно семејство.

Со овој проблем не се соочува само Македонија туку и поголемиот дел од балканските републики, се зголемува мор талитетот а се намалува наталитетот.

Државните лидери на секаков начин се обидуваат да го зголемат наталитетот низ разни програми и мотиви, а еден од градоначалниците дојде до многу поубава идеја.

Утрово во Нови Сад се родија првите две убави девојчиња, двете во 5.57 часот, кои ќе ги носат имињата Јесенија и Марина.

– На мајката Ксенија Рочева Кобиљски и Александра Фунќиќ им посакувам брзо закрепнување од породувањето со цел подобра грижа за малите,

– А нашите најсвежи, новородени новосаѓанки да имаат долг и со љубов исполнет живот како и да блескаат со гордост на своето семејство и нас, нивните сограѓани порачаа Милош Вучевиќ.

– Традиционално, драги Новосаѓани, денес вашиот град ви овозможува бесплатен паркинг, превоз на територијата на градот и бесплатен влез на базен и лизгалиште во СЦ „Војводина“ и „Слана бара“.

– Музејот може да се посети и бесплатно, како и бројни културни настани и програми. Да живее Нови Сад, најубав град, среќен ви Ден на општината.

– А вам драги Новосаѓани, сакам да уживате во нашиот градски празник, бидејќи вие сте душата на српската Атина. Да живее градот – заврши градоначалникот на Нови Сад.

Милош Вучевиќ, градоначалникот на Нови Сад, соопшти дека градот по повод одбележувањето на Денот на градот подготвил подарок од 300.000 динари( 160.000 денари) за секое родено бебе денеска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *