Докторот Горан Кунгуловски кој е доктро на науки по геномика и молекуларна епигеномика се огласи вечерва на својот профил на фејсбук каде што сподели:
Што се случува со ПЦР лабораториите во Македонија?
Ако се анализираат јавно достапните податоци од ИЈЗ и се направи анализа на ПЦР позитивни резултати од вкупен број на тестови во текот на на јсилните бранови на пандемијата, излегува дека има силна неконзистентност и нескладност помеѓу ПЦР лабораториите во Македонија.
Aко ги земеме последните 9 дена кога букна омикрон сојот во Македонија ќе утврдиме дека една група на лаборатории меѓу кои и референтната ИЈЗ-Вирусологија имаат стапка на позитивни ПЦР тестови од ~22-35%, додека некои други лаборатории имаат стапка на позитивни ПЦР тестови од 0.5-3.5%.
Што можат да бидат причините за нескладност од 10-44 пати помеѓу лабораториите?
Едната група на лаборатории имаат далеку посензитивни тестови од другата група на лаборатории?
Едната група на лаборатории не зема соодветно материјал за анализа, при што се јавуваат лажно негативни резултати.
Eдна група на лаборатории тестира исклучиво симптоматски пациенти или пациенти коишто имале контакти со потврдени позитивни случаи, а додека пак другата група тестира пациенти коишто патуваат (тековно кај произволна популација ПСР позитивитет треба да биде некаде меѓу 2-5%).
Се случува нешто што не би сакал ни да го помислам.
Во анализите не се вклучени сите лаборатории што извршуваат ПЦР тестови. Тоа оставам на истражувачки новинари или овластени институции.
Позитивните од Жан Митрев Струмица се пријавуваат преку Жан Митрев Клиник во МојТермин.
Додатни анализи треба да се направат и за претходните бранови, но има слични трендови.