Во „5 до 12“ пред заминување на ЕП пристигна „ладен туш“ за Македонија: Вирусот на големо влезе кај ракометарите

  • By admin
  • јануари 10, 2022
  • 0
  • 333 Views

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) подготвува награда за ракометарите, кои од 13 јануари ќе учествуваат на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Федерацијата, која што и во минатото знаела да застане зад ракометарите и соодветно да ги награди за резултатите, сега со 50.000 евра ќе ги мотивира момците на Кирил Лазаров за пласман во втората фаза на континенталниот собир.

„Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука да ги награди ракометарите на машката сениорска репрезентација со 50.000 евра за пласман во втората, односно главната фаза на Европското првенство“, велат од Ракометната федерација на Македонија.

Македонија е во финална фаза од подготовките за шампионатот, кој го стартува на 13 јануари против Словенија, а потоа ја чекаат дуел уште со Данска и Црна Гора.

Ракометна Федерација на Македонија вечерва се огласи преку социјалните мрежи и сподели крајно неповолни вести.

Почитувани,Во рамки на подготовките за претстојното ЕП 2022 (Унгарија – Словачка) македонските репрезентативци утре наутро ќе го одработат последниот тренинг пред заминување во Дебрецин.

Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација, беа извршени ковид ПЦР тестирања на 4ти и 7ми и 10ти јануари.

Според резултатите од денешните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови на таборот на Ракометната федерација на Македонија, кај 5 (пет) претставници кои утре требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, детектиран е вирусот ковид 19

Македонската ракометна репрезентација утре во 14:10 часот попладне заминува за Дебрецин – Унгарија , а првиот меч од групната фаза нашите машки сениори ќе го одиграат на 13 јануари (четврток) во 18:00 часот против репрезентацијата на Словенија.

Со почит, Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *