Никола Груевски со долгометражна честитка за Божиќ – имаше што да порача

  • By admin
  • јануари 7, 2022
  • 0
  • 578 Views

Екс премиерот и поранешен лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски се огласи по повод Божиќ:

Исус од Назарет, централната фигура во христијанството е веројатно најпознатата, највлијателната личност во светската историја. Не постои друга личност која дваесет и еден век има поголем број следбеници, почитувачи и верници во некое учење, како што има во учењето на Исус од Назарет.

Божиќ, земната годишнина од раѓањето на Исус, е втората најголема прослава на христијанскиот свет по Велигден.

Иако учењето на Исус е точно зачувано во канонизираните евенгелија, не се знае многу за неговиот лик и живот. Не се знае ни точно кога е роден бидејќи евангелијата малку ги споменуваат трите децении помеѓу неговото раѓање и почетокот на неговото учење и тие индиректно се занимаваат со ова прашање поврзувајќи го главно со еден од пописите во тоа време.

На првиот собор во Никеја свикан од императорот Константин Велики одлучено е дека ова е денот на првото доаѓање на Исус Христос на земјата, прослава на радоста и мирот, семејството и детството и универзална христијанска прослава на домот и татковината.

Нема ни точен опис како изгледал. Новозаветните евангелија не даваат многу насоки за ова. Исус веројатно бил сличен на галилејците од тоа време, па затоа можеби бил човек со темна коса и кафени очи. Кога бил заробен од луѓето на правосвештеникот Кајафа, Јуда морал да им сигнализира на вој ниците кој од апостолите е тој кој се нарекува Месија.

Некои заклучуваат од ова дека можеби Исус немал карактеристичен изглед значително различен од оној на неговите ученици.

Првите пре живеани портрети датираат од втората половина на четвртиот век на нашата ера и почетокот на петиот век, неколку века по земниот живот на Спасителот.

Сликата на Исус која ни е добро позната, која го прикажува Спасителот во брановидни коса до рамениците и долги облеки до подот почната е да се шири во децениите по Соборот во Никеја.

Се разбира за верниците учењето на Исус од Назарет е основата на нивната вера и на христијанската црква, а не овие прашања.

Но, покрај учењето кое го шири, неговите активности кои ги направил или нешта што се случиле во време на неговите активности, се вистински чуда кои никогаш претходно и потоа не се видени и се најголемиот доказ за тоа дека се работи за син Божји.

Едно од тие чуда, на кое денес сакам да потсетам, е опишано во писмото од сопругата на Понтиј Пилат, Клаудија Прокула до нејзината пријателка Фулвија Ромелија. Оргиналот од писмото се наоѓа во Големата библиотека во Италија, од каде што е препишано и испратено до епископот Дионисије во Константинопол во 1643 година.

Еве како започнува тоа писмо. “Поздрав за тебе, Фулвио! О ти, моја верна пријателко, ме прашуваш да ти ги опишам збиднувањата што се случија после нашата разделба.

Некои од овие известувања стигнаа дури и до тебе, но тајната што ги обвива тие известувања, во тебе подбудува желба да дознаеш за мојата состојба…”

Потоа Клаудија раскажува хронолошки како на 17 годишна возраст стапила во брак со Понтиј Пилат кој бил по возраст како да и е татко, и бил управител во Италија.

Раскажува како првите години од брачниот живот поминале во мир и добиле син, а пет години подоцна Понтиј бил назначен од римскиот император за гувернер на Јудеја.

Раскажува дека во Ерусалим била центар на почести и внимание, но сепак била осамена “поради гордоста и презирот на Евреите спрема странците и незнабошците, како што не нарекуваа тие. Евреите тврдат дека нашето присуство го осквернавува светото место што Бог им го ветил на нивните прататковци…”.

Понатаму раскажува дека само една фамилија од повисок ранг во Ерусалим и покажала пријателство, и посетата на нивниот дом и причинувало големо задоволство. Тоа била фамилијата Јаир, старешина на синагогата со чија сопруга Соломија таа имала блиски и чести контакти.

“Соломија беше пример за доброта и кроткост, особено ќерка ѝ Семида, мила и убава девојка како саронска ружа…”.

Тие многу и говореле и читале од светите книги “за Богот на нивните прататковци”.

“Тој Бог” раскажува Клаудија, “е семоќен и милостив, Кој има сѐ во Себе: доброта, чистота и слава…Во осаменост и јас почнав да Го фалам на мојот инструмент.

Покрај колевката на син ми паѓав на колена и го повикував Неговото име, честопати дури и против мојата воља. Го молев Тој Бог да ме смири и да ми го успокои срцето, во чии раце јас Му ја предадов судбината и се помирив како робинка на својот господар. И да видиш чуд о од тогаш јас бев охрабрена и утешена”

Клаудија раскажува дека по извесно време нивната ќерка Семида се разб олела и едно утро ум рела во рацете на мајка си, без многу да се ма чи.

“Го грабнав детето и брзо појдов до нив за да ја оп лачам, заедно со мајка и Соломија. Пред домот им се беше насобрал многу народ. Но одеднаш народот почна да се повлекува, отворајќи и пат на една група луѓе, на кој народот гледаше со почит.

Меѓу нив го препознав Семидиниот татко. Но, наместо та га и б ол, на лицето му се покажуваше надеж, што за мене беше несватливо! Со него одеа тројца, скромно облечени и припрости.

По нив последен одеше уште еден. Се подигнав на прсти за да го видам подобро, но веднаш го спуштив погледот од Него како од светлината на Сонцето. Ми се чини челото му беше украсено со ореол од светлина. Косата му паѓаше на рамена, што е вообичаено во Назарет. Неможно ми е да ти опишам се што чуствував во тој миг.

Кога го погледнав, осетив како треперам, зашто во секоја негова црта откривав необјаснива убавина, а истовремено Тој, со неговиот поглед, задаваше некаков таинствен ст рав.

Тргнав по него без да знам каде одам. Се отвори вратата и ја видов Семида положена на постелата и опкружена со свеќници и миромириси. Таа изгледаше поубава во тој небесен покој. Челото и беше бледо како лилјанот што лежеше на нозете и смрт та беше оставила белези околу очите и устата, та Соломија стоеше покрај неа, истош тена од бол ка.

Во тој миг, Семидиниот татко клекна пред нозете на човекот кој ми беше непознат и кој се приближуваше до Семидината постела. Тој покажа кон своето чедо и рече: “Господи, ќерка ми е во рацете на см ртта, но ако ти сакаш, таа ќе воскресне! Целата затреперив кога ги слушнав тие зборови. Срцето ми престана да чука за Оној што не Го познавав. Тој ги фати Семидините раце, управи силен поглед во неа и рече: ‘Девојко стани!’

Семида се дигна од постелата како да беше помогната од невидливи раце и ги отвори очите. Нејзиното чуство на животот одново ѝ се расцвета на устата. Таа протегна раце и извика: ‘Мајко’!

На тој мил глас Саломија се ослободи од бол ката. И, растрепе рени се прегрнаа мајка и ќерка. Тогаш Јаир клекна на колена пред лицето кое го нарекуваше Господ, бакнувајќи Му ги алишта, говореше: Што да правам да добијам живот вечен?

‘Да го љубиш Господ и луѓето’ беше одговорот.

По тие зборови тој стана невидлив, а јас клекнав без да знам кога и зошто. Кога се дигнав, бев пробудена како од сон. Се упатив кон дома, оставајќи ја среќната фамилија во најголема радост, радост што ниедно перо неможе да ја опише.

На вечерата му раскажав на Понтиј се што видов и чув. Тој ја наведна главата и ми рече: ‘Ти си го видела Исус од Назарет, кој е предмет на омр за и презир од фарисеите, садукеите, иродовците и гордите левити од храмот. Таа омр за расте секој ден и единствената мисла им е да му го одзе мам животот. Додека зборовите на Назареецот се зборови на мудрост, а неговите чуда се од вистинскот Бог’.

А зошто тие го мр азат? – Прашав јас. ‘Затоа што тој ги изобличува нивните обичаи и лицем ерства. Јас го чув како им рече на фарисеите: ‘Варосани гроб ови…змијски породи! Вие ставате тежок товар врз плеќите на луѓето, а ни со прстот не ги помрднувате.

Давате десеток од нане, копра и кимин, а го оставивте поважното во Законот: правдата, милоста и верата’ Тие зборови содржат длабока и вистинска смисла. Тој ги разгневи надуените, гордите и арогантни луѓе, така што се помрачи иднината на Назареецот’.
‘Ти ќе го заштитиш, нели?’- Извикав возбудена.

‘Мојата моќ е премногу слаба во споредба со бунтовниот и расипан народ. Верувам дека душевно ќе страдам ако дозволам да се пролее крвта на Тој мудрец!’.

По тие зборови Понтиј се повлече во собата, длабоко замислен, а јас останав како бол на со неопислива жалост.

Се приближуваше празникот на Бесквасните лебови. На тој голем и значаен јудејски празник, во Ерусалим се собираше народ од сите страни на Јудеја за да принесат свечена жр тва во чест на празникот што почнуваше во четврток.

Пред овој празник Понтиј, натажен, ми рече: ‘Иднината на Назареецот е неутешна. Над Него веќе е скована завера и можно е Тој уште оваа вечер да биде предаден во рацете на правосвештеникот’.

Растреперана пак го прашав: ‘Ти ќе го заштитеш, нели?’

‘Можам ли тоа да го сторам?’ ми одговори Понтиј со мра чен поглед. ‘Судбината за која претскажуваше Платон за некои предавници, ми се чини дека ќе Го снајде Исуса: Тој ќе биде презрен и предаден за да биде осуден на сур ова и тешка см рт’ “.

И тука ќе го запрам овој подолг цитат од писмото на Клаудија Прокула, сопругата на Понтиј Пилат до нејзината пријателка Фулвија Ромелија бидејќи целта на овој цитат ми е само да потсетам на едно од чудата на Исус Христос направени пред многу очевидци, чуда кои несомнено помогнале на многу луѓе да поверуваат дека станува збор за Синот Божји и да станат следачи, почитувачи и верници на неговото учење кое се нарекува Христојанство.

Нека ни е честит Божиќ и нека е за многу години! Нека празникот и Бог ни дарува повеќе здравје, сила, спокојство и храброст да ги пребродуваме предизвиците пред нас и како поединци и како задница-како држава Македонија. Христос се роди! Навистина се роди!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.