Кој ќе се врати од странство во својата татковина ќе добие 26.000 евра – нова мерка на Владата на Хрватска

  • By admin
  • декември 28, 2021
  • 0
  • 601 Views

Како што е познато во Хрватска веќе има голем недостигн на работници откако голем дел од тамошните граѓни по влезот во ЕУ се иселија.

Германија, Австрија, Ирска се само едни од најомилените дестинации за иселувања.

Хрватска веќе се подготвува за новата туристичка сезона. Од храватската угостителска комора истакнуваат дека веќе се бараат сезонски работници, а дел од нив треба да дојдат од Македонија.

„Покрај интерните рекламни кампањи преку социјалните мрежи, се обидуваме да придобиеме кандидати и преку виртуелни саеми за вработување организирани од специјализирани агенции за вработување.

Со македонска агенција за вработување имаме квалитетна соработка долги години, а од следната година планираме да ги истражиме можностите за соработка со агенции кои вработуваат работници и други пазари на труд“ – велат од Хрватската угостителска комора.

Хрватската влада треба да донесе нови демографски мерки наречени „Ја бирам Хрватска“, кои предвидуваат стимулација од 200.000 куни (околу 26.000 евра) за повратниците од ЕУ.

Владата ќе им даде пари и на оние кои сакаат да го преселат својот бизнис од поразвиените урбани средини во помалку развиените делови на Хрватска.

Според предлогот, тие ќе добијат 150.000 куни (20.000 евра) за самовработување, плус 25.000 куни за преселба.

Хрватските медиуми наведуваат дека овие мерки ќе стапат на сила од 1 јануари 2022 година.

Владата на Пленковиќ наводно ќе ги зголеми стимулациите за вработување во зелената и дигиталната индустрија на 150.000 куни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.