Македонската сениорска репрезентација беше блиску да направи „брејк“ во Киев, да ја победи Украина, и да стигне до првиот триумф во светските квалификации.
По одличното, пред се, дефанзивно одиграно, прво полувреме и водство (34:30), „паднавме“ во второто. Доволно Украина да направи пресврт и да победи.
Одличен, пред се , дефанзивен почеток имавме во Киев. Не му дозволивме на домаќинот да влезе во некој офанзивен елемент. Напротив, ги приморавме Украинците во девет минути да имаат само 11 реализации.
Ние имавме 17, за сосема солидна предност од (17.11), која со тројка во последниот напад од четвртината ја намали Липовиј (17:14).
Продолживме добро во одбраната и во вториот период од играта. Не им дадовме „лесни поени“ на домашните кошаркари. По тројката на капитенот Крстевски, водевме со (24:21), а веќе во следниот напад, Стојановски погоди за три. Доволно за да ја вратиме предноста на солидни (27:21), како што беше резултатот по 15.минути од играта во „Палатата на спортовите“ во Киев.
Серијата ја продолжи Мекиќ, со неговиот осми поен, за наши највисоки (28:21). Имавме и уште поголеми (31:23), пред Пустови да забие за (31:25), а селекторот Бајиќ на 2:15 минути пред истекот на полувремето, побара тајм-аут.
Украина намали на (30:32), но Робев го одбрани нашата предност, погоди доста тежок шут за (34:30) како што беше на истекот на 20.минути.
Двете тројки, и промената на водството, го натераа селекторот на нашата репрезентација на уште една минута одмор. Со серија (11-3), за нецели четири минути игра во продолжението, Украина поведе со (41:37).
Уште еден добар потег на Мекиќ ни донесе израмнување (41:41). Потоа губевме и со највисоки (44:49), пред најискусниот во нашата селекција, Стојановски да постигне уште една тројка. Да намали на (47:49) со кои влеговме во последната четвртина, онаа одлучувачката.
Крстевски со 11, и Мекиќ со 10 поени, беа „двоцифрените“ во нашата селекција во тие три периоди од гостувањето во украинската престолнина.
Во првите три мнути од последниот, Украина стигна до својата највисока позитива, од седум поени (57:50). Не најдовме соодветна одбрана за Пустови, кој ја „покачи“ таа разлика на уште поголема. Украинците поведоа со (61:52) на 4:40 минути пред крајот.
Како што одминуваа минутите, така паѓаше и концентрацијата на нашата одбрана, а згора на тоа противникот го покачи процентот на реализација. Особено во шутот за три поени.
Доволно да има уште поголема позитива (67:54) на 3:30 минути пред истекот на последните секунди. Недостижни за нашите момци
Во февруари, на 24 во Тбулиси, и на 27 во Скопје, ќе ги играме мечевите од наредниот ФИБА „прозорец“’.