Радојка (Раја) Десподовска е струмичанката која е првата македонка која има учествувано на големото музичко натпреварување во Германија „THE VOICE OF GERMANY“.
Се работи за едно од најпознатите германски кастинг натпреварувања, во кое од 10-ици илјади апликации само најдобрите добиваат покана да настапат.
Рајае дел од 11-та сезона на оваа шоу и е прв учесник со потекло од Македонија. Таа потекнува од Струмица а од 2007 година заедно со родителите живее во Германија.
Со оглед на тоа што од мала се занимава со музика желбата да се пријави на оваа шоу и датира од првата сезона. Најголема мотивација да земе учество токму во овој формат е исклучително квалитетното жири и натпреварувачи.
Слуша поп музика и омилени изведувачи и се Адел, Ријана, Били Ајлис, Едн Ширан и други.
За настапот на Раја пишуваат и локалните германски медиуми.
Раја е инаку студентка на правниот факултет во Аугсбург Покрај музиката голема љубов и е фотографија. Па така од октомври минатата година е и самостоен фотограф.
„Желбата да се пријавам на „THE VOICE OF GERMANY“ ја имам од многу одамна. Оваа година се пријавив заедно со 10.000 други натпреварувачи и успеав да стигнам до потесниот круг и да застанам на големата бина.
Се гордеам што ја претставив Македонија пред милион гледачи и’ им благодарам на сите многу за поддршката.“ – изјави Радојка за Струмица Денес.
Радојка Десподовска се пласираше во следниот круг каде повторно ќе се претстави со својот талент.
Нејзината изведба може да ја погледнете во продолжение тука.