Огнене Јанески: Многу сум среќен, ќе ми биде цел живот чест

  • By admin
  • ноември 10, 2021
  • 0
  • 410 Views

Добро познатое е дека Огнен Јанески важи за човек кој одлично се снаоѓа во својата професија што ја работи.

Во своите 34 години живот, има повеќе од 20 години работно искуство, започнувајќи по животен пресврт кој го преживеал како дете.

Своето искуство го гради во неколку медиумски платформи, почнувајќи на 11-годишна возраст. Со неговото прво вработување во 2007-та во Македонската Радио Телевизија – на свои 20 години станува најмладиот спикер на вести во историјата на јавниот сервис на Македонија.

Од 2008-та, во ТВ „Сител“ се истакнува како водител и уредник на контактни емисии, кои подоцна ќе му станат печат на новинарската кариера, преку познатата емисија „Бумбар“.

А потоа, откако кон крајот на 2011-та во ТВ 24 (каде сè уште работи активно) ја создава и најпопуларната емисија од ваков вид – „Очи в Очи“. Во 2019 бил и главен и одговорен уредник на телевизијата. Работи и како дописник и известувач за странски медиуми (Турција, Унгарија, Шпанија, САД).

Денес Огнен се потсети на своите почетоци и сподели статус на својот профил на фејсбук во кој што вели:

Многу се радувам што Благоја Крстевски раскажуваше за своето искуство во Македонската Радио Телевизија. И за споделувањето на процесите на учење на младите кадри водители и спикери.

Многу сум среќен и ќе ми биде цел живот чест што бев дел од Школата за спикери на Македонската Радио Телевизија каде што го испе ков главниот дел од својот денешен занает и што токму бате Баже, Кате Намичева, Ленче Смилевска и во два наврата и Бранка Станковска ми биле ментори за сегашната професија.

Неговите насоки за денешната состојба со македонскиот јазик и со тоа како медиумите не посветуваат внимание за јазикот и за изгледот на лицата на ТВ-екраните се многу важни и треба длабоко да се размислат.

Му благодарам што нè спомна на крајот од интервјуто како истакнати негови ученици од последната генерација на Школата во времето на „старите мајстор(к)и“ на Македонската Радио Телевизија за спикерскиот занает Љубица Бубе Јаневска-Ивановска, Борислав Тноковски и мене.

Огнене Јанески – Многу сум среќен и ќе ми биде цел живот чест

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *