Македонците Сандра и Никола од Чикаго со голем потег – нов дом ќе добијат две братчиња со баба и дедо

  • By admin
  • октомври 9, 2021
  • 0
  • 5103 Views

Кога сме кај македонска пејачка Кристина Петровска Арнаудова добро познато е дека во последен период е активна како водителка и тоа во хумана акција.

Арнаудова која е докажан хуманитарец веќе неколку години раководи со здружението „Проект среќа“ кое им помага на социјално ра нливите категории, најмногу на децата.

Првиот контакт со микрофонот го има на четири годишна возраст во градинка кога настапувала на претстави. Пресудна улога во нејзината љубов кон музиката има нејзиниот вујко (тапанар) и пробите кои тој ги има со својот бенд под покривот на нивниот дом.

Со изразен талент за пишување песни, од мала почнала да пишува песнички.Пораснала во мултиетничко семејство со дедо турчин и баба влаинка.

Проект среќа со Кристина на социјалните мрежи објави уште една позитивна вест во која што се вели:

Убавиии вестиии! Почнавме со работа на домот во Долно Лисиче, каде живеат две братчиња со баба и дедо!

Благодарение на само три големи донации од две анонимни физички лица, и една компанија од Чикаго, на наши македонци со големо срце, Сандра и Никола и нивната компанија Роад Легендс, сонот станува стварност за ова мало семејство! Благодариме!!!

Што ни недостасува? Немаме ни една пријава од производители на мебел, верувале или не! Значи ни фали мебел, и компании кои се бават со тоа!

…..Сите сте добредојдени да се вклучите во Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *