И во Германија не е се сјајно: Големи поскапувања на бројни производи, можеби ќе има и недостиг

  • By admin
  • октомври 9, 2021
  • 0
  • 1376 Views

Според Федералниот завод за статистика на Германија, расходите за таканаречениот вкупен јавен буџет во првата половина на 2021-ва година биле 10,8 проценти повисоки отколку во првата половина на 2020-та година. Тие изнесуваат 883,2 милијарди евра, како што објавија од службата.

„Зголемените трошоци во општиот јавен буџет може да се објаснат главно со зголемените средства и грантови како резултат на пандемијата“, објаснија статистичарите од Визбаден. Во износот се вклучени, на пример, корпоративната помош или поддршката за болниците.

Приходите се зголемија во првата половина на 2021-ва година за 6,0% на 752,1 милијарди евра. Приходите од даноци и давачки значително се намалија во првата половина на 2020-та година – но според Дестатис, тие сега достигнаа нивоа пред пандемијата.

Генерално, сѐ уште има дефицит во јавното финансирање од 131,1 милијарди евра за првата половина на 2021-ва година.

Основните прехранбени продукти во Германија драстично поскапеа, а некои од нив во продавниците наскоро може да бидат до 25 отсто поскапи.

Во Германија, во следните неколку месеци ќе дојде до големо поскапување на производите, а производителите велат дека тоа може да биде рудо со дури 25 отсто повисоки цени, пренесува магазинот „Феникс“.

Производителите како „Нестле“ и „Хенкел“ во моментот преговараат со големите трговски синџири за драстично зголемување на цените. Порталот „Лебенсмителзитунг”, кој објавува вести поврзани со трговијата и храната, пишува дека производителите на тестенини планираат да ги зголемат цените, пренесе „Вечерњи лист“.

На пример, најголемиот производител на сушени тестенини во Германија „Биркел“, можно е да ги зголеми цените на своите производи за 19 отсто, а тестенините на производителот „Буитони“ дури за 25 отсто.

Причина е поскапувањто на шеќерот, житарките и другите сосотојки чија цена во последните месеци скокна за 40 отсто.

Големите трговски синџири се бо рат против планираното поскапување на цените кое го најавуваат производителите. Тоа може да доведе некои производи да ги нема на рафтовите.

Во минатото, при вакви ситуации, некои трговски синџири не нарачуваа некои производи за да извршат пр итисок на производителите и така да го спречат зголемувањето на цените.

Во интервју за германски „Билд“, Бернард Бурдик од пртрошувачкиот центар во Северна Рајна Вестфалија предлага ослободување нод ДДВ за овошјето и зеленчукот за здравата храна да остане пристапна.

Политичарите, исто така, даваат предлози како да се намали инфлацијата. Политичарот од ЦДУ Јоханес Штајнигер, предлага укинување на давачката за зелена електрична енергија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *