Голем потег на еден од најбогатите Албанци во Македонија: Донираше 10 амбулатни возила

  • By admin
  • септември 24, 2021
  • 0
  • 29890 Views

Компанијата „Еколог Интернешнл“ од Тетово уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело со нова донација.

Како што е познато тие веќе претходно донира неколку илјади таблет-компјутери за учениците кои имаат потреба од вакви електронски уреди за да можат да ја следат наставата „онлајн“.

„Оваа донација е наменета за учениците кои останаа надвор од образовниот процес, заради недостаток на дигитални уреди. Една од најважните работи што можеме да ја направиме заеднички за време на кризата на ковид-19 е да се осигураме дека иднината на оваа земја, децата, ќе продолжуват наставата без пречки“, изјави тогаш газдата Лазим Дестани.

Кога сме кај Дестани да кажеме дека тој важи ако не најбогат, тука еден од најбогатите Албанци во Македонија чија компанија успешно работи ширум светот на неколку контитенти.

Тој беше поврзуван и со можен кандидат за премиер на нашата држава, но тогаш децидно кажа дека политика не го интересира.

„Во оваа пригода, бидејќи моето име се споменува како кандидат за премиер, би сакал да посочам како што веќе кажав и претходно, дека покрај бизнисот останувам посветен и на филантропијата.

Ангажман во политичкиот живот не бил и не е во моите планови и амбиции. Мојот придонес ќе остане во полето на економскиот развој и претприемништвото, нешто на што работев во текот на целата мојата кариера“,

Денес на дело повторно беше Дестани и Еколог со нова значајна донација.

Компаниијата „Еколог Интернешнл“ од Тетово денеска донираше 10 амбулатни возила на Здравствените установи во Македонија.

На настанот приссутвуваа преставници од државните институции, и претставници од менаџментот на компанијата.

Амбулантните возила се опремени со целата потребна опрема, а ќе бидат на располагање на оние кои имаат потреба од нив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.