Латас: Македонија има луѓе кои се многу стручни и кои можат да ја водат

  • By admin
  • септември 23, 2021
  • 0
  • 6032 Views

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Драган Павловиќ Латас и Зоран Иванов.

„Очекувам дека ако ВМРО-ДПМНЕ освои 25 општини, следната година може да очекуваме вонредни парламентарни избори“ изјави Латас и додаде:

Тој што снимаше други, сега е бру тален кога за себе слуша снимки, ако играте со срце на терен ќе ве сака вашата публика, ако сте „кас ап“ и вашите нема да ве сакаат.

Според него, премиерот не може со никој да се договара и нема мандат да ја менува историјата.

-Тоа е работа на експерти и луѓе што ја знаат историјата. Македонија нема проблем со Бугарија. Бугарија има проблем со самата себе.

Македонија има меѓународно верифициран Бледски договор, кој во 1948 година го напушти. Според тој договор, не само што о Бугарија има Македонци, туку имаат и право на автономија во Пиринска Македонија и тоа е потпишано од бугарска страна.

Заев ја поткопува работата на Историската комисија со ова, смета Латас во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Заради истрагата за пожарот во модуларната во Тетово, тој кој е најодговорен по хиерархија треба да се тргне настрана, а тоа е министерот Филипче, директорот на болницата и веројатно некој околу нив, за да не влијаат и да не се повтори делото, а тие се уште се тука, вели новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5.

– Нема ни документација за болницата. Премиерот излегува и вика дека нема потреба од градежна дозвола и дека тоа е исто како столици и маси пред кафана.

Тоа е господине премиер како овие 15 изгорени да ги третирате како изгорени столици. Болницата каква и да е функционира на ист начин, дали е ѕидана или мобилна, таа е со иста одговорност, мора да работи под исти принципи. Пожар се случува кој ја разнесе во неколку минути. Таа болница мора да издржи најмалку 2 часа, законот го кажува тоа, рече Латас и додаде:

„Македонија има луѓе кои можат да ја водат кои се многу стручни. Алкалоид славеше 85 години сега скора, имате европска компанија која константнот бележи раст. Па ако може да се води компанија, зошто да не се води држава.

Не мислам дека Живко Мукаетов треба да биде премиер, туку говорам дека држава може да се води како фирма само да се има идеологија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *