Македонската дијаспора на дело: Познато колку нашинци преку границите решија да се попишат

  • By admin
  • септември 22, 2021
  • 0
  • 889 Views

Вкупниот број на самопопишани во дијаспората досега изнесува нешто над 190 илјади, но оваа бројка стагнира. Откако почна пописот во Македонија, се самопопишале околу 3.000 луѓе.

Од Заводот за статистика велат дека во последните 6 дена, веб-страниците на Заводот каде што се наоѓа линкот за самопопишување, била под постојани на пади и во овие денови беше отежнат пристапот до овие веб-страници, а со самото тоа и до апликацијата. Но, првиот човек Апостол Симовски уверува дека проблемот е надминат..

-Имав доста јавувања и од Американскиот и од Европскиот и од Австралискиот континент, во комуникација сме, на сите им е јавено дека е се во ред дека можат луѓето да се попишат и им се извинувам на сите тие што се убедувале до сега, ама не е тоа наша вина, сега ја имаат таа можност да се попишат, вели Апостол Симовски.

Методија Колоски, претседателот на Обединета Македонска Дијаспора, од Вашингтон за Канал 5 вели дека не очекува драстичен скок на попишување вон границите.

Тоа се должи на намалената активност на надлежните за надворешна политика, а дел може да се препише и на 30 годишните политики, вели Колоски кој упати поддршка кон статистичката опе рација.

-Дефинитнивно се гледа поголема ангажираност и активност во Европа, европските земји, не толку во Америка, Канада и Австралија и тоа можеби е поради тоа што еве во Америка немаме амбасадор, нема во Канада, во Австралија само што се назначи, нема голема активност на информираност од страна на МНР кон македонските граѓани.

До крајот на пописот и кај нас и на самопопишувањето на дијаспората има уште 9 дена… Во земјава досега се попишани над 1,2 милиони граѓани и според Симовски, темпото е задоволително и нема пречки попиост да заврши успешно.

-Секогаш е можно да се случуваат проблеми, ги немаме во овој момент и се одвива без проблеми пописот секаде, на целата територија, добро е темпото и апсолутно со ова темпо очекуваме да го завршиме во рок пописот на целата територија на државата, вели Апостол Симовски.

Според уверувањата на директорот на Заводот, Апостол Симовски, бројот на македонски државјани во странство ќе биде во графата нерезидентно население и нема да се пресметува вкупно со бројот на лицата што живеат во Македонија.

Според Симовски, податоците за дијаспората се важни за државата, прво за да се знае колку македонски државјани живеат во странство и во кои земји и континенти, а второ, со цел прецизно да се знае колку граѓани живеат во Македонија и на тој начин да се планираат генералните политики за развој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.