Апасиев до Заев и Мицко: Следен пат викнете ме и мене у емисија: ја сам, вие двајца

  • By admin
  • септември 20, 2021
  • 0
  • 5270 Views

Како што е познато денес на Канал 5 свој дуел имаа лидерот на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ.

И премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјавија дека очекуваат да победат со своите коалиции на претстојните локални избори.

– Ние ќе победиме и на градоначалничките места, во вкупен број, и во вкупен број на советничките места во државата, и во вкупен број на гласови, а ќе победиме и во градот Скопје. Затоа што сме Влада која помогнала на општините и искрено верува во општините, рече Заев на вечерашниот ТВ дуел со Мицкоски.

Нивниот став, како што рече премиерот, е да го понудат најдоброто за секоја општина и во делот на кандидатите за градоначалници и во делот за советници, како и најдобрите програми.

– Анкетите што го покажуваат трендот како се случува, така ќе се случи и на овие избори, јас немам дилема. Затоа што треба да спроведеме успешна кампања, да ги доближиме сите проекти, идеи, визии, а секако и личноста на кандидатите пред граѓаните за да може да ги мотивираме да излезат на гласање и да изберат што е најдоброто за нивната општина. Во еден таков аспект настапуваме и со најбројната коалиција, ние сме со 22 политички партии, дополнително, Д УИ, БЕСА и ДПА и тоа е Коалиција на иднината, нагласи Заев.

Од друга страна, како што рече, е „коалиција која ја нарековме политички брак која ќе доживее развод“.

– Мислам на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива. Сите знаат дека е неприродна и направена за политички цели да се направат максимални обиди колку што може поизвесно да се направи исполнување на желбата да се биде на власт, рече Заев.

Мицкоски, пак, истакна дека победата на опозицијата на овие локални избори не е доведена под знак прашање.

– Тоа е крајот на оваа Влада предовдена од СДСМ и Д УИ и јас сум убеден, не само за тоа што граѓаните навистина тоа ќе го кажат туку затоа што едноставно не сме сите исти.

Дека сме различни и дека тоа што ние го нудиме е еден нов квалитет, луѓе кои за првпат ќе ја бараат довербата на граѓаните, најгоемиот дел од кандидатите за градоначалници кои ги предложи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за првпат настапуваат 95 посто, 96 посто се млади луѓе, луѓе во средни години, луѓе кои се мотивирани и храбри и коишто имаат визија, план, проект за општината која планираат во иднина како градоначалници да ја застапуваат пред граѓаните.

Јас сум убеден дека граѓаните тоа ќе го препознаат бидејќи сосема спротивно на тоа е она што го нуди СДСМ. Ние како опозиција комплетно ќе ја делегитимираме оваа неспособна Влада, рече Мицкоски.

Лидерот на Левица и актуелен пратеник, Димитар Апасиев се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели статус во кој што вели:

Заев и Мицко ме оговарале на ТВ!? Ај бе „лидеришта“, следен пат викнете ме и мене у емисија: ја сам, вие двајца p.s. A дотогаш, у мое отсуство – ако сакате, можете и да ме ист епате

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *