Кристина Арнаудова: Конечно го скршивме ледот

  • By admin
  • септември 19, 2021
  • 0
  • 827 Views

За популарната македонска пејачка Кристина Петровска Арнаудова добро познато е дека во последен период е активна како водителка и тоа во хумана акција.

Арнаудова која е докажан хуманитарец веќе неколку години раководи со здружението „Проект среќа“ кое им помага на социјално ра нливите категории, најмногу на децата.

Првиот контакт со микрофонот го има на четири годишна возраст во градинка кога настапувала на претстави. Пресудна улога во нејзината љубов кон музиката има нејзиниот вујко (тапанар) и пробите кои тој ги има со својот бенд под покривот на нивниот дом.

Со изразен талент за пишување песни, од мала почнала да пишува песнички.Пораснала во мултиетничко семејство со дедо турчин и баба влаинка.

Арнаудова се огласи на социјалните мрежи и тоа со убава причина и притоа напиша:

– Конечно го скршивме ледот и почнавме со Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina! Ви благодарам на сите за прекрасните коментари! Се надевам ви се допадна до сега . Реприза е сабота во 17ч!

Процесот е тежок, и не, не градиме дом за 5 дена ( немам појма дали тоа некогаш ќе успееме), градбите зависат од донатори, спонзори кои постојано ги контактирам

И барам за да направиме повеќе домови, а најмногу од мајстори и изведувачи кои се најтешки за наоѓање, па затоа и не можам да си го дозволам луксузот една куќа да биде една епизода, за жал.

 

Се надевам некогаш ќе можам и тоа! А вие останете со мене, и помагајте секогаш кога можете некому! Можеби тоа за вас е малку, но некому ќе му значи се

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *