Никола Груевски вечерва непланирано повторно се огласи на фејсбук и сподели што всушност се случува со него:
Продолжуваат лагите, конструкциите и ма нипулациите кои упорно се трудат да ми ги натоварат.
Пред малку ми јавија дека некој портал објавил ла жна вест дека сум бил физички на паднат во Будимпешта и ред други невистини поврзани со тоа.
Веста е лага, но во знемири многу мои пријатели кои почнаа да ми се јавуваат за да ја дознаат состојбата, па затоа се решив на ваков начин да демантирам.
Инаку потесниот круг на мои пријатели знаат за каков обид за спин се работи.
Имено во изминатиот период при обавување на спортски активности се стекнав со спортска повреда по која која ми беше укажана лекарска интервенција и сега сум во фаза на рехабилитација, која одлично се одвива.
Оттука некој кој дознал за ова, понесен од потребата за дефокус на јавноста во овие моменти кога власта нижи кат астрофи секој ден, помислил дека може од спортска пов реда да направи спин дека сум бил физички на паднат.
Впрочем вакви информации лесно се проверуваат во полиција во секоја земја па и во Унгарија.
Ако навистина намерата била да се дознае вистинита за тоа дали имало физички на пад со повреди многу лесно можело да се направи проверка.
На ваквите изгубени ликови во новинарството и одработувачи на туѓи агенди им порачувам дека со лаги, ман ипулации, спинови и неинтелигентни интриги нема ништо да направат во животот и во работата.
На сите мои пријатели кои веднаш почнаа да ми се јавуваат со доза на загриженост им благодарам за грижата.