Д-р Кимовска – Христова: Дали нечија туѓа грешка ќе биде покриена со оставката на Филипче

  • By admin
  • септември 11, 2021
  • 0
  • 1541 Views

Мица Кимовска-Христова е доктор на медицина, специјалист педијатар, со 20 годишно работно искуство. Таа вчера се огласи во групата и Јас сум венко Филипче – поддршка:

Поддршка за министерот Филипче! Досега, за медицинската фела, за колегите, тој направил најмногу од сите министри за здравство. Ни го врати достоинството како лекари и како луѓе! А тоа ни беше одземено токму од оние кои денес ја бараат неговата оставка.

Тој е голем човек, полн со емоции, сталожен, прагматичен и одличен лекар, одличен неурохирург. Можеби направил некаде и некогаш случајни (сигурно не намерни) пропусти или грешки, но не е Супермен па да го има секаде низ Македонија 24/7.

Заради тоа има негови заменици, помошници, па директори на здравствени установи, комисии, разни комитети и тела на МЗ..А има и колеги од владата од другите министерства, со кои соработува. Зошто и од нив не побараме одговорност и оставка?

Мене лично, а и на колегите од Интензивна нега и терапија од Детската клиника, само ни недостига како колега неврохирург, со кој неуморно соработувавме со години наназад.

Ако се бара одговорност или оставка, дали навистина е само тој човекот по кого ќе фрламе сите камења (дури и оние на кои лично знаеме дека многу им помогнал). Е да, ова му е фала за се.

Јас, како и секој од нашава држава сакаме да ја дознаеме вистината за она што се случуваше во Тетово, за кое најискрено сме премногу тажни.

На семејствата на поч инатите им изразуваме најискрено и најдлабоко сочуство. Истото го изрази и Филипче (со искрен лик и тага и бо лка која се читаше од неговите очи и лице).

Но, дали навистина секој друг ќе биде амнестиран од одговорност? Дали некаде има грешка, пропуст во градбата, изведбата, работата…Дали нечија туѓа грешка ќе биде покриена со оставката на Венко Филипче?? Не, нема!

Ама морална одговорност?? Заборавате дека беше херој, дека две години е постојано со сите нас, здравствените работници на бојното поле, наша поддршка!

И претходно, пред пандемијата беше министер. И тогаш ни даваше надеж и мотив за да продолжиме понатаму, со поголеми успеси.

Секогаш е тука за сите, за секој што му се обратил независно дали е здравствен работник или пациент! Дури и ги повикувал во својот кабинет да ги ислуша и да ги реши нивните проблеми.

Дали за ова тој доби МОРАЛНА награда? НЕ! Ама тогаш добар е. Сега не е. Мислам дека треба трпение за се, ќе излезат на виделина сите активности, сите потенцијални грешки.

И самиот си кажа, не бега од одговорност. И спремен е да даде оставка ако е тој навистина “виновникот”. Ќе влијал на конечната одлука и истрагата ако е министер??!!

А, не помисливте дека можеби токму тоа може да помогне во конечното разрешување, дека можеби знае нешто што ние не го знаеме?!

И да, уште еднаш, Венко Филипче е човек од кр в и месо, верувам дека како сите нас има и тој свои доблести и маани. Но, во едно сум сигурна, тој е човек со големо срце!!!

Сликава е од пред 3 години. Венко Филипче во посета кај нас, како наш министер за здравство, наш колега и голем пријател на децата.

Заедно со нас, со целиот персонал од Интензивната на Детска клиника се радуваше на успехот и со мил поглед го галеше овој јунак кој порасна кај нас од само 490 грама

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *