Општо познато е дека Германија важи за држава со едни од најдобрите плати и стандарди за живот што ја прави привлечна за странските работници.
Но и таму не тече се „млед и млеко“, односно има и такви кои се не задоволни од своите плати, односно од своите лични примања.
Па така од утрово во Германија почна третиот штрајк на машиновозачите, воедно и најдолгиот – најголем дел од возовите ќе стојат пет дена, пренесува Дојче Веле на македонски јазик.
Со третата рунда на штрајкот, Синдикатот на машиновозачите, ГДЛ сака да изнуди 3,2 проценти повисоки плати за рок од 28 месеци.
Раководството на Дојче бан се обиде во последен момент да го спречи штрајкот и достави нова понуда во тарифниот конфликт, но без успех.
Германската железница понуди корона премија до 600 евра и продолжување на тарифниот договор од 36 месеци, наместо досегашните 40 месеци. Премијата одговара на барањата на синдикатот.
Од раните утрински часови до вторник, патниците мораат да бидат спремни на драстични ограничувања во регионалниот и железничкиот сообраќај на долги релации, каде според најавите, ќе вози само секој четврти воз.
Во тарифниот конфликт во прашање е и позицијата на синдикатот ГДЛ во концернот и конкуренцијата со поголемите Железнички и Сообраќаен синдикат, ЕВГ.
Тие веќе постигнаа договор со Германски железници, но одделните ставки Синдикатот на машиновозачите, ГДЛ ги смета за недоволни.
Како што е познато во Дојче бан работат работници и од Македонија кои се повеќе се иселуваат во оваа држави и пронаоѓаат работа и таму